• Latest

Сеќавања на 27 април, најцрниот датум во историјата на македонската демократија

April 27, 2021
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Сеќавања на 27 април, најцрниот датум во историјата на македонската демократија

April 27, 2021 15:02
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На 27 април – „Крвавиот четврток“  околу 300 лица насилно упаднаа во Собранието со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Покрај насилството и упадот во Собранието, Талат Џафери беше реизрбан, со што неговиот избор беше признат од САД, Европската Унија и дел од меѓународната заедница.

Четири години подоцна, пратениците кои беа нападнати во Собранието ја потсетуваат јавноста за тоа што се случи на овој ден.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во својата посета на АП „Криволак“  упати порака дека колку и нечии ставови да се различни, таа во Парламентот ги почитува, повикувајќи на сите пристојни луѓе да ја повлечат црвената линија на своите партии, бидејќи како што кажува таа, на тој ден биле на чекор до смртта.

Посочувајќи дека соочувањето со 27-ми април треба да се прави на две нивоа, Шекеринска потенцира дека едното ниво е законот и судските одлуки и очекува бидејќи сите оние кои беа одговорни за насилство ќе одговараат, не само тие кои оперативно го координираа, рече, туку тие кои го дигнале телефонот и дале наредби.

„Се разбира дека тоа значи и компензација и нотирање на жртвите, на сите тие кои беа повредени. Како некој кој си замина од Собранието и од Клиничкиот центар со неколку конци на главата тешко ми е да говорам за тој ден, не само заради крвта, и не само заради жртвите и опасноста, туку затоа што се уште не можам да поверувам дека тоа се случило во мојата земја. Се сеќавам и на средбите таа вечер со вашите колеги во салата каде се случи главниот напад. Се гледавме меѓу нас и мислевме дека е лош сон и не е возможно луѓе да имаат толку злосторнички ум. Би сакала да верувам дека овие судски постапки ќе имаат своја завршница и оти ќе покажат со прст и со одговорност кон оние главните, а не само кон извршителите и организаторите.“ изјави Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“.

Министерката на својот фејсбук профил денеска напиша:

„Насилството беше последното прибежиште на режимот! Се обидоа, но не ја спречија слободата. Сите плативме цена, и како луѓе и како држава, но покажавме дека имаме сила и одлучност за пресврт!

Четири години по крвавиот четврток во Собранието, сведочиме на шокантно сознание – иницијаторите на нападите не ја научиле лекцијата и бесрамно застанаа во одбрана на насилствата. Користеа насилство за да сочуваат власт, за да ја цементираат својата моќ, за да продолжат да владеат со страв и корупција.“

Пратеникот од коалицијата на СДСМ и активист на Шарената револуција Павле Богоевски, на својот фејсбук статус  го цитираше Членот 313 КЗ на РСМ – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

„ Тој што со намера да го загрози уставниот поредок (ЧИТАЈ: мирна транзиција на власт) или безбедноста на Република Северна Македонија (ЧИТАЈ: упад во законодавниот дом) ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија (ЧИТАЈ: пронајдени импровизирани експлозивни направи во Собрание на РСМ по 27. април), пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство (ЧИТАЈ: обид за егзекуција, тепање и држење заложници на народни избраници), создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните (ЧИТАЈ: со намера или закана да предизвика граѓанска војна), ќе се казни со затвор најмалку десет години (ЧИТАЈ: НАЈМАЛКУ).

Ма, какви уставобранители. Терористи и ништо помалку од тоа.“

Во соопштението за јавноста, СДСМ го категоризира 27 април како крвав печат на ВМРО-ДПМНЕ, кој никогаш повеќе нема да дозволат да се повтори.

„ 27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ.

Вооружени насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби,да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија.

Тие насилници кои беа придружувани и од Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, не се, ниту некогаш ќе бидат уставобранители, тие се само насилници, бранители на криминалите на Никола Груевски.

Денеска, четири години подоцна, наместо извинување и осуда, целата јавноста гледа како Мицкоски цврсто стои на браникот на криминалот и насилството, стои во одбрана на осудените насилници за крвавиот четврток.

Тоа покажува дека ништо не е сменето во опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е истото ВМРО-ДПМНЕ предводено Груевски. Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните.

Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимско насилничката матрица на Груевски.

Граѓаните, јавноста тоа го знае и затоа Мицкоски, затоа што освен насилство и одбрана на криминал, не нудат ништо што е во интерес на граѓаните и државата.

СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори.“ стои во соопштението од СДСМ.

„ Поминаа 4 години. Некои работи околу 27 април свесно или потсвесно се обидував да ги заборавам. Ама во неделата, истите ликови, истите пејачи, истите црни маици, ме потсетија многу убаво. Се беше исто, истата сценографија.

Да бев како нив, ќе им посакав да им се врати се исто. Да им се врати истото што го преживеавме ние. Да и нив се обидуваат да ги убијат 3 часа. И нив да се обидат да ги прободат со стапот со знамето од Вергина. И нив да ги повредат. И нивните деца тоа да го гледаат. И не да им се врати само тоа што се случуваше на 27 април, туку и претходно. И нив со денови да ги чекаат во влез додека се враќаат со семејството. И нивните семејства да не можат да одат дома. И на нивните згради да им пишуваат смртни закани, кои нивните деца ќе ги читаат.

Да бев како нив, ќе им посакав се да им се врати. Ама не сум и никогаш нема да бидам. Не посакувам тоа зло повеќе никому да му се случи. Не посакувам никогаш човек на човек да крене рака. Ја напуштив политиката и повторно ќе се обидам да заборавам, ама никогаш нема да им простам.

А на оние изгубени политичари кои го организираа и присуствуваа на протестот во неделата, сакам да им порачам дека следниот пат кога ќе се видиме нема никаква потреба да ми викаат здраво. Не ми е потребно тоа лицемерие. Јас знам дека нема да им кажам.

Тоа зло, никогаш повеќе да не се повтори.“, напиша Дамјан Манчевски, поранешен пратеник и министер за информатичко општество и администрација на својот фејсбук профил.

Љупчо Николовски во својата фејсбук објава напиша:

„ Четири години од крвавиот четврток, сè уште се свежи сеќавањата на тој 27 април, на неизвесноста, на тензиите, насилството… Но, и на одлучноста да не отстапиме од борбата за подобра иднина на народот, дури и кога нашите животи беа загрозени.

На крвавиот четврток сите сведочевме до каде може да отиде омразата, поделбите, желбата за пресметка со оние кои мислат поинаку.

Државата беше на раб на граѓанска војна само затоа што режимот не сакаше да си замине од власта која ја злоупотребуваше цели 11 години.

Ја добивме битката на 27 април, насилството беше поразено, победи доброто над злото.

Денес ја нема тензијата, ја нема неизвесноста, одиме напред. Ама одлучноста се уште е тука, силно присутна кај сите нас, кај сите прогресивни граѓани.

Одлучност за правда, за праведност, за напредок. Одлучност за граѓаните и државата.

Никогаш да не се заборави и никогаш повеќе да не се дозволи нов црн датум во македонската историја.“

фото: Фејсбук профил на Рената Дескоска

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот фејсбук профил напиша:

„ Четири години од крвавиот четврток, ден на едно мрачно сценарио во режија на тогашната режимска власт, кога беше организирана и спроведена акција со единствена цел – убиство, човечко, но и на надежта за иднина на државата.

Сосема спротивно од нив, ние бевме подготвени да ги дадеме своите животи во одбрана на нашата цел – слободна, демократска држава, на сите граѓани, со можности еднакви за сите, со стабилни институции кои се во служба на граѓаните.

Нека 27 април 2017 година остане како потсетник за секоја идна генерација, за политичкото насилство на една монструозна власт, за тоа каде сакаа да ја втурнат државата со удар врз демократијата и врз сѐ она што до тогаш било градено како вредност во Законодавниот Дом, но и како цивилизациска придобивка.

Никогаш да не се повтори!“

Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

„27.04.2017 – крвавиот четврток – е ден кој ќе биде запаметен како денот кога некои влегоа во Собрание да убиваат, да тепаат, да сеат страв, да предизвикаат терор со единствена цел – да не дојде до промена на власта. Нивните деца, веројатно не знаеја за нивните планови. Некои и не можеа да ги препознаат, зашто татковците-тепачи беа со фантомки на главата. Децата пак на оние кои беа жртва на нападот можеа во живо да го следат линчот на своите родители. И не знаеја дали последната слика од нивните родители е таа што ја видоа на телевизија – со раскрвавени глави, притиснати во ќош на своето работно место.

27-ми април остави општествена, но и лична траума не само за тие што бевме внатре, туку и за нашите семејства. Воопшто никој не ги брои во црните статистики на последици од крвавиот четврток, траумите на семејствата на жртвите на насилството и последиците по нивното здравје. Никој не ги споменува родителите и роднините на жртвите кои во немоќ дојдоа пред Собрание барајќи начин да ги извадат од таму своите блиски.

На 27-ми април се виде поделбата на луѓе и нелуѓе.

На 27-ми април се виде дека и на “другата” страна има луѓе – со човечко срце, спремни да помогнат, спремни да застанат пред насилниците и да го бранат човечкиот живот.

Но, на 27-ми април видовме дека има и нелуѓе, кои за да ги бранат своите и туѓите привилегии беа спремни да тепаат во Собранието или пред Собрание да го оправдуваат или поттикнуваат насилството. Тие нелуѓе ги видовме и пред некој ден – на протест за ослободување на тепачите. Тие нелуѓе ги виде и целата јавност. Ја виде грозната, црна алтернатива на сегашната власт. Се потсети на нивното владеење со терор, насилство… нешто за што треба да се трудиме никогаш да не се повтори!“ напиша Рената Дескоска на својата фејсбук објава.

„Остана ли да се каже нешто за кравиот четврток, што за овие 4 години не го кажав…?! После цели 4 години, од таа крвава ноќ, не сум нит разочарана нит изненадена, бидејќи доволно долго сум дел од општествениот живот во оваа држава за искрено повеќе ништо да не ме ниту изненадува,ниту разочарува. Но сум револтирана, и тоа многу! Заради фактот што крвавиот четврток е еден од најсрамните настани во македонската , како што милуваат да кажат политичарите, демократија. Затоа што на крвавиот четврток, оваа држава го допре дното, но и затоа што од 28 април имаше неповторлива шанса да почне да се издига од македонското мочуриште кое трае речиси 30 години, затоа што крвавиот четврток никогаш не смее(ше) да биде алатка за почитичко поткусурување,пазарење, привилегирање, амнестирање,затоа што сите ние што бевме во тој прес – центар на крвавиот четврток оставивме дел од себе таму, и затоа државата ни должи правда за конечно да не се срамиме од тоа каде живееме.

фото: Фејсбук профил на Рената Дескоска

Затоа што #Држава без правда не е #Држава. #Срамот е на сите оние кои ги потикнаа организираа и храбеа насилниците, а добар дел од нив се уште се на #Слобода но и на сите оние кои по 27 април се колнеа во #Правда и #Одговорност за сите , но откако седнаа во фотеља #Правдата ја заменија со срамна #Амнестија #КрвавЧетврток #ПравдаЗаНовинарите #НовинаритеЈаСпасијаДржавата #StrasbourgHereWeCome p.s. Дел од мемоарите: “Темница, вресок, чад,бомби,пукотници….Се гушам.. После 2,5 саати влезе конечно полиција,дали ќе не апси или спасува,се уште е неизвесно… Слушаме вресоци,кршење на предмети, цела просторија е чад,.. Се повеќе се гушам, почнувам да се борам за воздух,моите бели дробови нема да го издражат ова си мислам..Ракат се повеќе ме боли, н љлицето се уште имам траги од ударите..Се уште сме заробени ,ништо не се гледа, неизвесноста лебди во воздухот. Го земам тел, батеријата е речиси празна, се јабувам во редакција ,да известам што се случува најново, линијата се прекинува,чадот и пукотниците се зголемуваат… Пшувам порака дома: “Добра сум,не се секирајте”, додека низ глава ми поминува: “Одовде живи нема да излеземе”..“ напиша Душица Мрѓа на својот фејсбук статус.

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави:

фото: Фејсбук профил на Рената Дескоска

„Сите обиди да се бришат белезите низ кои е запаметен 27 април 2017 година како најмрачен ден во поновата македонска историја се залудни и се израз на апсурдната и бесмислена намера да се прикажат како патриотизам дивеењата низ храмот на демократијата. Опасни и антинародни се обидите тепањето и влечењето по подот пратеници претепани до бесознание и насилството врз новинарите да се прикажува како одбрана на Устав.

Тој ден се обидоа да го погазат народот и да ја доведат државата на работ на граѓанска војна само за да ја одбранат политичката иднина на човекот кој потоа истите тие свои следбеници ги осуди и избега од правдата.

Нема ништо да го избрише, ниту да го смени фактот дека на 27 април 2017 година, имаше организирана и со насилство спроведена монструозна акција од лидерите на тогашната владејачка партија кои беа решени да се задржат на власт по секоја цена, без најмало чувство за одговорност и за последиците на нивните мрачни амбиции.

Упадот и обидот за окупација на домот на македонската демократија беа агресија против секој граѓанин на Република Северна Македонија, против темелите на парламентаризмот и претставуваат предавство на идеалите и принципите на слободата и демократијата.

Денес, сѐ уште се чини неверојатно дека безумието отиде до таму што некои од насилниците, за да го реализираат нивниот монструозен план и намера, биле подготвени и за ликвидации.

За да не се случи голема трагедија и најлошото, помогнаа разумот и присебноста на мнозинството од пратениците, храброста на поединците и силниот порив кај секој од нив, за безумието да заврши без трагични последици.

фото: Фејсбук профил на Оливер Спасовски

Сите намери и мотиви се разобличени низ независна истрага и низ повеќе судски процеси, во исказите на сведоците и непосредните учесници во тие застрашувачки дејанија во Собранието.

Застапниците на слободата и демократијата сепак победија. Мнозинската волја на граѓаните, застанати зад идејата за едно современо општество, ја донесе одлуката за поинаква, граѓанска, демократска Северна Македонија. Демократското водство презеде дополнителни историски чекори да ја стави земјата во редот на слободните и напредни демократии, што се потврди со прифаќање Северна Македонија да стане полноправна членка на НАТО и безусловната препорака да ги отпочне преговорите со ЕУ“.

И. Крџиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ