• Latest
Радмила Шекеринска, министерка за одбрана/Фотогтафија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Шекеринска: Има црвени линии што не смееме да ги поминеме, на 27 април многу луѓе беа на чекор до смртта

April 26, 2021

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Има црвени линии што не смееме да ги поминеме, на 27 април многу луѓе беа на чекор до смртта

April 26, 2021 12:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Радмила Шекеринска, министерка за одбрана/Фотогтафија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Радмила Шекеринска, министерка за одбрана/Фотогтафија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Може да се разликуваме за политика од нула до 100, можеме секој ден да имаме различни ставови во Парламентот и јас тие различни ставови секој ден ги почитувам, ама има црвени линии што не смееме да ги поминеме и заради нас и заради нашите деца. Очекувам од сите пристојни луѓе, кои верувам и сакаат добро на нашата татковина, да ја нацртаат својата црвена линија и во рамки на своите партиски органи. Извинете ако сум малку емотивна, но многу луѓе тој ден беа навистина на чекор до смртта.

Ова е пораката од министерката за одбрана Радмила Шекеринска упатена во одговорот на новинарско прашање дали смета дека правдата е задоволена и за колегите новинари кои на 27 април во 2017 година известуваа од Собранието.

Посочувајќи дека соочувањето со 27-ми април треба да се прави на две нивоа, Шекеринска потенцира дека едното ниво е законот и судските одлуки и очекува оти сите оние кои беа одговорни за насилство ќе одговараат, не само тие кои оперативно го координираа, рече, туку тие кои го дигнале телефонот и дале наредби.

– Се разбира дека тоа значи и компензација и нотирање на жртвите, на сите тие кои беа повредени. Како некој кој си замина од Собранието и од Клиничкиот центар со неколку конци на главата тешко ми е да говорам за тој ден, не само заради крвта, и не само заради жртвите и опасноста, туку затоа што се уште не можам да поверувам дека тоа се случило во мојата земја. Се сеќавам и на средбите таа вечер со вашите колеги во салата каде се случи главниот напад. Се гледавме меѓу нас и мислевме дека е лош сон и не е возможно луѓе да имаат толку злосторнички ум. Би сакала да верувам дека овие судски постапки ќе имаат своја завршница и оти ќе покажат со прст и со одговорност кон оние главните, а не само кон извршителите и организаторите, изјави Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“.

За второто ниво, истакна министерката Шекеринска, имаме поголема одговорност ние да зборуваме. Такви ситуации, наведе, можат да се случат и во други демократски држави, но за да не се повторуваат мора во еден глас да ги осудиме, а она што вчера го видов на улиците на Скопје, не беше осуда, тоа беше поддршка.

– Она што вчера го видов во Скопје е дека партијата што го создаде насилството, дури и вербално не сака да се огради од него. На 27 април 2017 година тоа беа воглавно наши глави, десеттина, 20, 30 луѓе. Ама ако во општеството и во државата се создава клима дека тоа е ОК и удираат аплаузи на такво насилство, утре ќе биде нечија друга глава, не само нашата. Судирот и осудата на насилството мора да биде дел од нашата политичка култура, кој и да бил нападнат, повреден и да бил на чекор до смрт, порача Шекеринска.

Според неа, многу луѓе во одредени политички партии се засрамиле после 27 април и пришле и говореле, како што рече, дека не  мислеле оти до тоа ќе дојде и, нагласи, им верував.

– Кога вчера ги видов еден дел повторно повторени со аплауз на насилството, не сум сигурна дека сме ја научиле лекцијата, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ