• Latest
Foto: Pixabay free

Секој ден има сѐ повеќе деца со виртуелен аутизам, предизвикан од прекумерната употреба на смартфони

April 25, 2023

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА ТЕХНОЛОГИИ

Секој ден има сѐ повеќе деца со виртуелен аутизам, предизвикан од прекумерната употреба на смартфони

April 25, 2023 20:04
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ
Foto: Pixabay free

Foto: Pixabay free

Share on FacebookShare on Twitter

Промените и општествените случувања што се имаат случено направија науката, технологијата и информатиката да стигнат до можеби највисоките пиедестали на општеството.

Во денешно време е невозможно да се видат општества и култури без најновите технологии.

Дополнително, значително е зголемена и употребата на новите информатички технологии од страна на младите, поточно од децата.

Престојот со часови пред екраните и другите форми на технологија има многу лошо влијание врз менталното здравје на децата, што ги прави пасивни и предизвикува доста нарушувања и во други области.

Мобилните телефони се технологија која веќе е дел од нашето секојдневие, дури и на голем дел од децата. Влијанието може да биде добро во многу аспекти, но има и други негативни страни.

Секој ден доаѓаат се повеќе деца со виртуелен аутизам

За децата правилно да се развијат треба повеќе време надвор во природа да играат разни забавни игри, вели за Градска.мк психологот Едина Мици Адеми.

Според неа, родителите се вистинските поттикнувачи на оваа состојба уште кога децата имаат неколку месеци.

„Секој ден доаѓаат се повеќе деца со виртуелен аутизам, но и деца кои имаат други последици во своето однесување и многу е алармантно што освен ние како професионалци, но и родителите мора да се разбудат и да реагираат за преземање мерки. Не е привилегија само да имаш деца, туку е голема одговорност. Треба да ја жртвуваме нашата удобност да седиме половина час или час повеќе со нашето дете затоа што детето кое користи телефонот е дете кое нема активност, нема посветеност“.

Децата кои имаат виртуелен аутизам, како што објаснува психолот Адеми, немаат контакт со очите, не одговараат на повикот по име и немаат социјализација. Таа вели дека оваа појава е вознемирувачка и доаѓа како резултат на небрежност на родителите без размислување за последиците, овозможувајќи им на децата да ја користат технологијата уште од мали нозе.

Со навременото и упорно третирање и од родителите и од терапевтите се гледа колку тоа дете има успеси, ако е виртуелен аутизам, децата постигнале видлив успех, почнуваат да се дружат, почнуваат да функционираат нормално, вели Адеми.

Таа појаснува дека мозокот кој постојано го користи телефонот, мозочните клетки почнуваат да се уништуваат, а тие се единствените клетки кои не се обновуваат, затоа детето почнува да губи концентрација, станува поагресивно.

Се препорачува децата во првите две години од животот да шетаат подолго, да бидат надвор во природа и што е можно повеќе да комуницираат со возрасните или постарите деца кои разговараат и си играат со нив.

Позитивните и негативните страни на новата технологија

Секое научно откритие и техничко помагало има за цел да го олесни вршењето на одредена работа на човекот. Намерата е да ја направи работата поквалитетна за пократко време, да биде поефикасен и поефективен и рационално да ги користи ресурсите. Тоа подразбира време, енергија, пари и кадри. Машината, апаратот или орудието ја олеснува комуникацијата меѓу луѓето, прави нивните односи да бидат похумани и да негуваат вредности што се позитивни, вели социологот м-р Славе Младеновски.

Тој во изјава за Градска.мк истакна дека за ова да функционира како што е замислено е потребна едукација и стекнување вештини со укажување на слабите страни и ризикот од употребата.

„Кога станува збор за користењето на паметните мобилни телефони од деца на возраст до 15 години е потребно максимална претпазливост при начинот на употребата на апаратот. Имено, детето треба да стекне знаење и вештина за да може, кога ќе биде полнолетно да ја знае неговата употреба и да не се добие преку образованието и воспитувањето одбивност од користењето на апаратот, зашто на таков начин му се намалуваат шансите да работи успешно и да комуницира“.

Заканата и опасноста за децата на возраст под 15 години при употреба на ваков апарат со многу време, без селекција на содржините и со издвојување од средината без заедничко дружење, вели Младеновски, има претпоставки за создавање сериозна ситуација за асоцијално однесување.

Што треба да се преземе?

Според Младеновски забраната за користење нема да ги даде очекуваните резултати и во основа не е добра постапка.

„Општеството во целина, а тоа значи родители, наставници, тренери, новинари и сите што креираат одредено мислење се должни да воспитуваат и да едуцираат помлади припадници. Тоа подразбира максимално критички став спрема одредена појава со уважување на корисноста за која е направен апаратот“.

Родителското игнорирање ја забрзува депресијата во доцното детство и адолесценцијата

Родителите кои ги игнорираат своите деца и користат телефони наместо да им обрнат внимание, можеби ги изложуваат своите деца во ризик од депресија, пишува деца.мк

Кинески научници, според студија објавено на Journal of Adolescence, проучувале 530 ученици на возраст од 10 до 18 години за да видат дали биле жртви на родителско запоставување поради употреба на телефонот.

Децата што имале родители кои биле опседнати со телефонот покажале повеќе симптоми на депресија при пополнување на прашалникот отколку оние што добивале внимание.

Родителското игнорирање е феномен при кој родителите ги користат своите мобилни телефони во интеракциите родител-дете, а детето се чувствува исклучено, објаснуваат тие.

Tags: виртуелен аутизамДецасмартфонитехнологија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ