• Latest

Секој има право да приговара, прашањето е како со тие приговори

March 6, 2020

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Секој има право да приговара, прашањето е како со тие приговори

March 6, 2020 18:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија денеска упати порака до учесниците на изборите на 12 април  дека нема да прифаќаат наменски приговори за повреди на постапката на денот на изборите и за сумирање на резултатите, поднесени само за да се кочи и злоупотребува процесот.

Новина е тоа што Комисијата ќе одлучува само за повреди на постапката на денот на гласањето и за сумирање на резултатите, и тоа што приговорите од учесниците на изборите, или од нивните овластени претставници, ќе бидат доставени до ДИК треба да содржат факти и конкретен опис на евентуалните неправилности.

Со други зборови, ДИК овој пат ќе се обиде да искористи механизми со кои нема да се кочи изборниот процес. Ова можеби е добра вест, ако се спроведе до крај, поучени од искуството дека секогаш резултатите, оние официјалните, и можните прегласувања се објавуваат во 5 до 12 поради многуте пристигнати приговори, кои, ако се погледне листата од последните претседателски избори во 2019 година, најголем дел се одбиени. Како за претседателските, така и за Референдумот 2018 и за локалните избори во 2017 најголем дел од претставките доаѓаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Искуството покажа дека нивните претставки во најголем дел се и обиди за поништување на изборите или купување време онаму каде што мислат дека можат да надоместат со гласови доколку има втор круг во одредени избирачки места или изборни единици.

За очекување е и во овие, и тоа како тензични, избори, ова да биде уште една мерка за девалвација на целиот изборен процес, особено ако се на губитничката страна, и ако разликата е енормно голема. Уште посилен ефект ќе има доколку разликата е незначително мала.

Настрана приговорите, што со Избирачкиот список? Има фантоми, нема фантоми, колку лица што ќе наполнат 18 години на денот на гласање се во Избирачкиот список, со какви куршуми ќе гаѓа дијаспората, особено најпатриотската, доколку не и се овозможи да гласа?

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ