Граѓани издејствуваа пајак службата (ПОЦ) да земе возило неправилно паркирано пред ресторан во скопско „Дебар Маало“. Вработените дојдоа да го „кренат“ возилото, но кога видоа „кој е газдата“ се предомислиле и се качија во камионот за да си заминат, меѓутоа граѓаните ги блокираа и инсистираа да го „кренат“ возилото и не ги интересираше образложението дека се дека се работи за службено возило и дека сопственикот бил полицаец на должност.
„Е ова е корупција. Вака „работи“ коруптивен систем. За ова ги плаќаме со даноци. Секоја корупција убива!“, пишува Љупчо Обоцки на својот Фејсбук профил, кој што го објави ведеото.
„Каква е таа должност четири саати пред кафеана, прашуваа граѓаните кои како што може да се види од објавата на социјалните мрежи го пријавиле случајот.
Полицаецот на должност кој е присутен заедно со вработените во пајкат службата, откако се консултираше со некого дозволи да се „крене поршето“.
Фото: Скриншот од видеото на Фејсбук на Љупчо Обоцки