„Често, како општество, имаме тенденција да мислиме дека сексуалното образование е поврзано со перверзија и неморал. Всушност, тоа е последното нешто што може да се претвори во перверзија. Поточно, ние сме преплавени од други социјални перверзии, почнувајќи од идеологија до пипалата на политичкиот систем, кои преку биополитиката се обидуваат да создадат одредени обрасци за едноумие. Сексуалното образование, повеќе од сексот како процес, ги покрива и здравствените последици и последиците од раните и незаштитени односи, потенцијалните трауми и последиците на социјално ниво. Овој предмет, доколку го предаваат стручни и одговорни луѓе, ќе создаде нов општествен морал, каде што девојките или жените ќе бидат поместени од епицентарот на таргетирање како неморално суштество. Овој предмет ќе нè научи дека моралот не е толку едноставен за да се спушти на нивото на човечки сексуални односи. Со други зборови, моралот не е само помеѓу женските нозе, туку и помеѓу вилиците и нозете на мажот“, потенцира Љатиф Мустафа.
Колумна на Љатиф Мустафа, „Преку сексуалното образование до нова фаза на цивилизираност“, објавена на 22 мај 2021 година.
Рубриката ЦИТАТИ е простор каде што издвојуваме цитати од текстови, претежно објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Редакцијата е отворена кон сугестии од своите читателки и читатели. Содржините објавени во оваа рубрика се слободни за преземање од другите медиуми, под услови пропишани во лиценцата Creative Commons 4.0.