• Latest
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Семејни пат’ридии

October 12, 2025 11:10
in ВЕСТИ, СТАВОВИ, ТОП 5
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ОЛИВЕР АНДОНОВ

Не, не, не се Солунски пат’рдии, токму семејни се, а и не се смешни. Семејни се затоа што Мицкоски ги измеша семејствата, па сега некако не сме сигурни чии сме. Посебно ние кои како Внатрепартиска фракција се спротивставуваме на политикантството на Мицкоски, односно не се согласуваме со „политиките“ на владата на Мицкоски и како дел од партијата кој не припаѓа на бизнис клановите туку сме цврста идеолошко-политичка основа на ВМРО-ДПМНЕ, сега сме како несакано дете. Но затоа тука се пасторчињата во владата на Мицкоски кои тој ги нарече семејство. Е сега, не ми е јасно кој од кој брак е дете и кој кому му е братучет, но мислам дека тоа е сериозен проблем во кој ќе дојде до инцест. Кој ќе биде … ќе видиме на крајот на пат’ридиите, но дека ние членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме онадена страна тоа го знаеме. И толку од „политиките“ на Мицкоски преку неговите недоследности во поддршката на неговото политикантско-бизнис семјство.

Вистинската социјална дефиниција на семејството во основен облик како клетка на општеството во кое се обликува личниот и социјално-културолошки карактер на човекот е составено од родители и деца. Кај нас во традиционалниот концепт родителите се татко и мајка. Можеби во политикантското семејство на Мицкоски имаме родител 1 и родител 2, а можеби и родител 3 и 4. Никогаш не се знае тоа во едни измешани врски, особено во семејство кое преку ноќ може да стане нефункционално. А што е поинтересно, таквото политикантско семејство на своите деца (а нели „и ние сме деца на Македонија“) не им нуди стабилен личен, социјален, културолошки а посебно нормален политички, општествен, културен, религиски и народносен карактер (читај идентитет). Ете така, драги мој сопартијци ние како членови на ВМРО-ДПМНЕ според теоријата за семејство на Мицкоски, не сме само сираци, ние си имаме повеќе маќеи и очуви, а и многу роднини, но тоа што загрижува од овие неприродни бракови на Мицкоски е со каков политички, но и народен карактер (идентитет) ќе излеземе на крајот кога ќе завршат пат’рдиите.

На крајот во политикантскиот брак на Мицкоски ќе биде, моите и твоите се тепаат со нашите. Но кој се наши? Засега со нормален политичко-идеолошки карактер сме само ние од Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ. Не верувам дека се самопреиспитале нашите сопартијци кои Мицкоски ги убедува дека треба да гласаат за кандидатите на ВЛЕН. Не затоа што се Албанци по нивната етничка припадност па не треба да се гласа, туку затоа што не е јасно каква тоа идеологија има ВЛЕН како политички субјект составен од неколку партии. Едно е сигурно, дека Касами има националистичка Големоалбанска идеологија. Од друга страна е ЗНАМ. Повторно нашите сопартијци треба да го подржат оној Дибек кој има про србо-југословенска идеологија надополнета со изразен руски сентимент.

И види чудо, јас не сум изненаден, бидејќи рекламата за нашиот носител на советничка листа во Тетово, колегата Светозаревиќ вели: „Да ја донесеме братска Србија во Тетово“. Алооо, дудуци, Бранислав Светозаревиќ е член на ВМРО-ДПМНЕ, десна про НАТО и про Европска политичка партија (барем досега декларативно), а тоа што човекот е Србин ништо не значи во политичко-идеолошкиот став. Или можеби јас сум грешка и неинформиран дека ВМРО-ДПМНЕ, пардон Мицкоски, ја сменил идеологијата декларативна од про НАТО и про Европска па се осмелил јавно да премине во про Руска, а од македонска национална преминал во српска национална? Според тоа како се поддржува ЗНАМ со нивната идеологија веројатно ќе да е нешто и тоа многу нешто сменето. Иако оваа про Руска „промена“ кај Мицкоски а со тоа и кај ВМРО-ДПМНЕ (поради неговото политикантство) е видлива низ призмата на упорното не помагање и не поддршка на Украина во нивната праведна борба за одбрана на нивната татковина, но и одбрана на Европа од диктаторот од Кремљ.

Врвот на шизофренијата во политикантското семејство на Мицкоски е дека про србско-југословенската ЗНАМ идеологија, со деловите на Стоиљковиќ и „чудното“ однесување на Светозаревиќ кој ќе ја носи братска Србија во Тетово, а под покривот – знамето на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласа за Касами да биде градоначалник на Тетово со неговата Големо Албанска и националистичка идеологија. Семејство од соништата во кое се е можно.

Нашите членови збунети, клиентелистите полни со надеж, а лојалистите полудени. А што му прави лудиот на збунетиот тоа го знаеме сите. Е па сега, ако ви е убаво продолжете со семејните пат’рдии, ама потоа да не се жалите, затоа што уште многу ќе си патите.

Во семејните пат’рдии посебна повластена каста се другарчињата на Мицкоски. Тие не се членови на нашата партија, па така и не се политичко-идеолошки десничари. Официјално не се со идеолошко-политички карактер ист или сличен ниту на другите членови на семејството. Тие се посебен бизнис клан и тука за да може да се потпре на нив Мицкоски кога ќе дојде до кал’б’л’к во семејството и кога нема да се знае кој кого и зошто.

Всушност единствен член на семејството кој му е вистински лојален на Мицкоски (затоа што нема јаден што да прави и никој друг не го сака) е Љупчо Димовски. Тој јаден е како заборавен вујко, ако не му е Мицкоски да му даде нешто ќе мора семејството да го испрати во старски дом. Се зафати со реформи во подсистемот за заштита и спасување и еве веќе цели петнаесет месеци го реформира, со сесрдна стручна и командантска помош на уште еден член на семејството, Стојанче. Оној Стојанче што беше во семејството на Заев а потоа формално се разведе за да влезе во Мицковото политикантско семејство. Доколку е потребно повторно ќе се разведе, но навистина ме интересира колку наследници ќе остави во семејството на Мицкоски кога ќе си заминува (политичкото семејство – да нема збунки). Ова повеќе од аспект затоа што секој секого работи во семејството, а на Столе нивен, саатнината му е скапа (8.000 денари дневница плус плата и додатоци и привилегии), така што кога работи, работи машки. А во семејството Мицкоски ќе објаснува дека Стојанче има поголеми примања во М-НАВ отколку во семејството. Тоа е расказ за малите деца (членовите на нашата партија) на кои им се раскажуваат сказни за добра ноќ. Ама ноќта е тука, стемнето ни е веќе, само доколку можеме да видиме дека ништо не се гледа. Не се гледа драги мој сопартијци, но се чувствува. А кој што ќе почувствува…

Има во семејството и други ликови кои може да ги сместиме во категоријата од велосипед (народски кажано точак) до тротинет и кои ги користат за разни јавни глупирања во облик на млатење празна слама, закани врз наши сограѓани од други народи, ширење дезинформации, јавно лажење, пробно кршење на законите и други будалаштини кои им прилегаат на глупи Августи. Но тие се секако дел од политикантското семејство на Мицкоски и тој си ги вади од мрачните долапи кога ќе му затребаат да шират општествена реа и да кажат тоа што тој како тате нели не му личи да го каже, иако многу би сакал да го каже.

Вистинското прашање за тате Мицко е: „Дали ќе го напуштиш семејството доколку ја изгубиш довербата (легитимитетот) од оние кои не ти се во семејството и се мнозинство во Македонија, а за кои всушност требаше да работиш а не да ги лажеш“?

Вистинско прашање за бате Панче е: „Кога ќе го спасиш семејството од Мицкоски или ќе го оставиш да си игра со шија ми га Ѓура – Мацут а штетата врз Македонија да биде непоправлива“?

Вистинско прашање за Орце е: „Кој се од семејството ќе биде одговорен доколку изгубиш во трката за градоначалник, а што е многу веројатно или овој пат тебе ќе ти се заблагодари што го примиш куршумот за него“?

Вистинско прашање за сите наши – од ВМРО-ДПМНЕ кандидати за градоначалници е: „Каков проблем имате со соочувањето на јавни дебати со другите против кандидати или каде ви отиде вмровската храброст“? Доколку не го знаете одговорот прашајте го Луке, може ќе ви каже.

Доколку за една недела ќе ги видиме резултатите од работата на политикантското семејство на Мицкоски и притисокот кон сите членови на семејството (оние од нашата партија) и потоа ќе имаме многу прашања. Во основа сите наши сопартијци ги третирате како да се идиоти и тоа корисни за потребите на внатрешниот круг на политикантското семејство.

Во меѓувреме внатре во политикантското семејство покрај енормната количина на будалаштина владее и инцестен промискуитет. Е сега, кој на крајот ќе биде во „блажена“ состојба, ќе видиме. Но како и да е да си знаете драги мој сопартијци, сметката ќе ја платиме сите ние.

Некој дури и егзистенцијалната сметка ќе ја платат, и затоа да не ве изненади следниот голем бран на егзодус од Македонија и тоа на наши сопартијци. Политичката сметка ќе ја платиме сите ние како членови на ВМРО-ДПМНЕ. Најстрашна и најдолгорочна, но и најтрагична ќе биде идеолошката сметка која ќе ја плати ВМРО како македонска државотворна идеја, а како резултат на семејните пат’рдии на Мицкоски.

Толку за оваа колумна, последна пред првиот круг избори на 19ти Октомври. Следната недела нема да има неделна колумна туку понеделничка со анализа на резултатите од изборите со акцент на резултатите од гласовите за листи на советници. Во меѓувреме уживајте во семејните пат’рдии на Мицкоски и поуживајте уште една недела во сценографијата и театарот кој преку разни ефтини трикови од типот, атентати, куфери со бомби, некакви си дебилски песни, краставици во спотови, наводнувања, мајстори и слични дебилизми подготвени во домашната – семејната кујна ви ги презентираат сметајќи ве за ретардирана гласачка маса. Посебно вие од нашата партија ВМРО-ДПМНЕ.


Текстот е личен став на авторот.
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ