• Latest
НАТО ќе распореди сили во Источна Европа, како одговор на руските воени закани против Украина

Сензационалистички наслов и искривена изјава на руски функционер влеа страв за „голема војна“

January 28, 2022

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Сензационалистички наслов и искривена изјава на руски функционер влеа страв за „голема војна“

January 28, 2022 13:09
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
НАТО ќе распореди сили во Источна Европа, како одговор на руските воени закани против Украина

НАТО ќе распореди сили во Источна Европа, како одговор на руските воени закани против Украина

Share on FacebookShare on Twitter

Конфликтите на големите сили, особено заканите од војна се секогаш медиумска тема која ги погодува читателите и носи многу кликови. Од друга страна, ако таквите информации се сензационалистички, непоткрепени со аргументи, пренесени погрешно и хиперболизирани му штетат на квалитетното новинарство. Во текстот што го анализираме, јавните изјави на рускиот функционер се искривени и се користат за предупредување за неизбежна војна меѓу Русија и Америка, пишува Порталб.мк.

Во текстот што го анализираме, порталот Инфомакс го користи насловот: „Алармот се вклучи: НАТО се подготвува за голема војна со Русија“.

Скриншот од Фејсбук објава на порталот Инфомакс со извртена изјава на руски функционер

На почетокот насловот е бомбастичен и многу сензационален. Насловот остава впечаток дека веста содржи информации потврдени за оваа подготовка од НАТО, бидејќи првично не пишува дека тоа е изјава на службено лице и не се цитира соодветно. Во насловот проблематична е и придавката „голема“, крајно хиперболизирање, од страна на авторот на текстот, што не може да се најде никаде во оригиналната изјава на функционерот.

Оставен во оваа форма, користејќи го терминот „алармот се вклучи“, насловот изгледа како тврдење за завршена работа и како таков има потенцијал да предизвика страв кај читателот.

Што се однесува до текстот, тоа е лошо пренесена изјава, со елементи што не може да се најдат во оригиналната изјава. Во објавата на овој медиум накратко се пренесува оригиналната изјава на рускиот заменик министер за одбрана Александар Фомин, која ја пренесуваме од руската новинска агенција ТАСС.

Фомин во ниту еден момент не ги изговорил зборовите „Северно-атлантската алијанса се подготвува за голем вооружен конфликт со Русија“, како што пренесува овој медиум. Всушност, рускиот функционер вели дека постојат сомневања за можен вооружен конфликт.

„Во последно време, Алијансата избра да врши директни провокации, кои претставуваат голем ризик да прераснат во вооружен конфликт“, рече Фомин на прес-конференција за странските воените аташеи и претставници на странските амбасади акредитирани во Москва.

Не е точна ниту фразата „Воената структура на блокот е целосно пренасочена во подготовка за голем вооружен конфликт со висок интензитет со Русија“, бидејќи Фомин не зборувал ниту за „голем конфликт“ ниту за „висок интензитет”. Фомин, во ниту еден момент не ја користи фразата „голема војна“, ниту во оваа проширена верзија на веста, што е пренесена од Anadolu Agency на англиски јазик.

Текстот на овој медиум имаше тенденција да ја пренесе неговата изјава на најлош можен начин со застрашувачки наратив за да се остави впечаток дека војната може да започне секој момент. Во текстот евидентен е и обидот Русија да се прикаже како сила која сакаат да ја нападнат сите земји членки на НАТО.

Вториот дел од текстот, откако е пренесен како што е во првобитната изјава, е во спротивност со насловот и измислениот текст на авторот. Во него рускиот заменик министер за одбрана остава простор да потсети дека двете страни не се противници и дека на сила е Римската Декларација која овозможи договор меѓу НАТО и Русија пред неколку години и е платформа за дијалог меѓу двете сили пред каков било конфликт или спор.

Авторот на текстот не само што ја искривил изјавата, но ја нема и другата страна, НАТО, за да ја пласира целосната информација за тоа што всушност се подготвува, како и да ја потврди изјавата што е ставена како наслов „алармот е вклучен“.

Кулминацијата на кризата меѓу Украина и Русија се случи пред 8 години со анексијата на украинскиот Крим од страна на Русија.

Ваквото поттикнување страв и искривување на изјавата е неприфатливо и не е оправдано ниту со Кодексот на новинарите кој вели:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информации кои се од јавен интерес. Новинарот мора да објавува точни и докажани информации и нема да крие суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или ако се работи за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и објави. Точноста на информациите треба да се провери колку што е можно повеќе.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ