• Latest

Северна Македонија и Албанија отвораат ново поглавје во заедничкото управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион

July 12, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Северна Македонија и Албанија отвораат ново поглавје во заедничкото управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион

July 12, 2021 16:12
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На седницата претседаваа министерките за култура на Северна Македонија и на Албанија, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, а придонес, од аспект на своите ингеренции, дадоа и министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Насер Нуредини, неговиот албански колега, министерот за туризам и животна средина Бленди Клоси, како и членовите на националните комисии и експерти од двете земји.

Конкретно, Република Северна Македонија и Албанија ќе изработат заеднички стратегиски план со дефинирани цели, заеднички иницијативи и проекти за заштита на Охридскиот Регион како исклучителна вредност. Планот ќе вклучува и корективни мерки, со временска рамка, а во периодот што следува ќе биде посветено поголемо внимание на прецизна координација во контекст на заедничкото управување на Охридскиот Регион во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО.

 „Денеска во Охрид се договоривме дека отвораме ново поглавје во билатералните односи меѓу Северна Македонија и Албанија. Се согласивме дека преку заедничкото управување на нашето природно и културно наследство што го споделуваме со целиот свет, односно со преземање конкретни чекори за заштита, ќе поставиме пример и за развојот на добрососедските односи, за подобар и поблиску интегриран балкански регион“, кажа министерката за култура Ирена Стефоска на заедничката седница на националните комисии на УНЕСКО на Северна Македонија и на Албанија што се одржа денеска во Охрид.

„Соработката што ја воспоставивме со Северна Македонија ни отвора врати за нови активности. Не чекаат ангажмани кои беа подзаборавени заради пандемијата и на кои сега со обезбедување на услови забрзано ќе работиме“, рече албанската министерка за култура Маргарити.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини додаде дека во однос на Охридскиот Регион двете држави се сериозни во намерата да се следат препораките и да се зачува статусот на УНЕСКО, како и воопшто да се унапреди состојбата на Охридскиот Регион и да се заштити природното и културното наследство кое го поседува.

„Драго ми е што сите активности се преземаат координирано со нашите соседи, и што настапуваме заеднички пред Комитетот на УНЕСКО презентирајќи ја идејата за  конкретен заеднички План за опоравување и акциски план, со што ја покажуваме сериозноста во нашиот пристап и се надевам дека ќе добиеме дополнителен временски период за исполнување на истиот, пред да се најдеме на листата на загрозено светско наследство“, изјави министерот Нуредини.

На состанокот беше истакнато дека Република Северна Македонија и Република Албанија се особено горди што исклучителниот Охридски Регион е запишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО и двете страни, во тесна соработка со сите релевантни државни институции, локалните заедници и општините, како и со граѓанското општество, преземаат обемни активности за зачувување и за заштита на наследството во сите негови аспекти и компоненти.

Беше нагласено дека во текот на последните две години, Северна Македонија и Албанија дополнително ги интензивираа напорите за спроведување на препораките што произлегуваат од соодветните одлуки на Комитетот за светско наследство и на Реактивната мисија. Претставниците на националните комисии на двете земји се договорија заедничкиот стратегиски план, кој ќе содржи и детален акциски план со мерки и идни активности, да го достават до Центарот за светско наследство на УНЕСКО најдоцна до февруари 2022 година.

Министерките за култура, Стефоска и Маргарити, своите заложби за идна целосна посветеност за успешна имплементација на Конвенцијата за светско наследство и зачувување на статусот на светско наследство на Охридскиот Регион ги  потврдија и со потпишувањето на заедничка изјава.

Двете министерки за култура во Охрид потпишаа и Програма за соработка во областа на културата меѓу министерствата за култура на Република Северна Македонија и на Република Албанија за периодот од 2021 до 2026 година, со која се манифестираат заложбите на унапредување на традиционално добрите културни врски. Со Програмата е предвидена поинтензивна соработка меѓу институциите од областа на културата во двете земји, соработка во заштитата и промоцијата на природното и културното богатство на Oохридскиот Регион, како и соработка во спречувањето на нелегалната трговија со културни добра.

Во неформалниот дел, албанската министерка за култура, Маргарити, и делегацијата во која беше и заменик-министерката за култура на Албанија, Мери Кумбе, имаа можност да се запознаат со богатото културно-историско наследство на Охрид, а ги посетија Античкиот  театар, Галеријата на икони, црквата „Св. Богородица Перивлепта“ и Куќата на Робевци.

Во вечерните часови, министерките за култура Стефоска и Маргарити, како и заменик-министерката Кумбе, ќе присуствуваат на свеченото отворање на „Охридско лето“ во Античкиот театар, што ќе започне со големиот музичко-сценски спектакл, во изведба на Националната опера и балет, составен од најубавите дела на рускиот виртуоз Чајковски. Под диригентската палка на Бисера Чадловска, ќе бидат изведени делови од балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, како и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и од операта „Евгениј Онегин“.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ