• Latest

Северна Македонија прави силни и цврсти чекори на својот европски пат, истакнаа Спасовски и Димитров

July 2, 2020
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија прави силни и цврсти чекори на својот европски пат, истакнаа Спасовски и Димитров

July 2, 2020 14:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија вчера ги предаде преговарачките рамки за Северна Македонија и за Албанија до Советот на ЕУ (земјите членки на ЕУ).

Премиерот Спасовски на денешната прес-конференција со министерот за надворешни работи Никола Димитров, изјави дека со тоа е остварена многу важна етапа во процесот на пристапување на членството на Македонија во Европската унија.

„Оваа радосна вест од вчера дојде по одлуката на Советот на ЕУ за почетокот на преговорите за членство за нашата земја во ЕУ на 26 март оваа година, и процесот ќе продолжи уште во текот на наредната недела со дебата по рамката за преговорите на експертското ниво и со чинот на нејзино усвојување од државите членки, со што и преговорите формално можат да започнат. Преговарачката рамка на Европската комисија во рамките на предвидената агенда е уште еден силен доказ дека Северна Македонија прави силни и цврсти чекори на својот европски пат. Тој пат носи и обврска за нас уште порешително и суштински да обезбедиме континуитет на реформите, владеењето на правото, економскиот развој, здрава животна средина, европско земјоделство и европски шанси за подобар живот на сите македонски граѓани во сопствената земја“, изјави Спасовски.

Спасовски додаде дека пред нас се чекори кои целосно го забрзуваат целиот процес на европеизација на сите сегменти во нашето општество.

„За само три години покрај реформите дома, нашата земја направи повеќе историски чекори на меѓународен план, ги направивме според највисоките стандарди на дипломатијата и меѓунардоната политика. Ретко кој во регионот покажал такви државнички перформанси, особено за земја која до 2016 година беше оценета како заробена држава“, додаде Спасовски.

Министерот Димитров истакна дека Европската комисија ја исполнила својата задача и врз основа на новата методологија предложила преговарачка рамка која е поконкретна, подинамична и поверодостојна, која на земјите членки дава простор да учествуваат и тие директно со свои експерти во преговорите и контрибуции кон извештаите за напредокот.

„Уште идната седмица по информации што ги добивме од Брисел, на експертско ниво, ќе се отвори првата расправа каде овој документ ќе оди околу масата за први видувања на земјите членки. Ние не можеме да не се радуваме на чекорите напред по 15 години чекање како земја кандидат од 2005, време е и ние конечно да си ги засукаме ракавите и да го искористиме овој процес за европските стандарди да си ги донесеме дома“, изјави Димитров.

Тој додаде дека по усогласување на преговарачката рамка и нејзино усвојување од Советот на ЕУ следи првата меѓувладина конференција, која е првиот конкретен чекор и форум за политички и реформски дијалог меѓу нашата земја и ЕУ.

„Првото поглавје што ќе се отвори ќе биде поглавјето за основни вредности, таму е владеењето на правото, фундаметалните права, безбедноста, финанскиската контрола, јавните набавки, статистиката економските реформи и функција на демократските инстиуции и јавната администрација, клучни се и за нас и чекаме да почне овој дијалог“, додаде Димитров.

А. П. 

 

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ