„„Смрт“, „куршум“, „бесилка“… се најчестите „посакувања“ за политичките „предавници“ и неистомисленици, односно за одредена етничка, верска или навивачка група.
Секој стана сксперт за сè и сешто, особено на социјалните мрежи. Фалат деновите кога граѓаните дебатираа кој е подобар – Зидан или Роналдињо, Бекам или Дел Пјеро, Меси или Роналдо… Сега нашата младина дебатира кој е подобар – Заев или Мицкоски, Бранко или Груевски, Бачев или Апасиев… Комити или Шверцери, Балисти или Чкембари…
А и што друго да очекуваме од ваква младина, кога додека возрасните гледаат вести или некоја дебатна емисија свесно или несвесно користат говор на омраза, пцујат, колнат… и сето тоа пред децата. Сфаќаме ли дека од нашите деца создаваме монструми?!“
Извадок од колумната „Трагајќи по европските- ги загубивме домашните вредности!“ од Дехран Муратов, објавено на 2 октомври, 2018 година.