• Latest

Трагајќи по европските – ги загубивме домашните вредности!

October 2, 2018

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Трагајќи по европските – ги загубивме домашните вредности!

October 2, 2018 17:14
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Политички препукувања, поткрепени со говор на омраза фрчат на сите страни, во продавница, во гранапче, на пазар, во јавен градски превоз, во кафана, па дури и во јавни тоалети…

Дехран Муратов

„Смрт“, „куршум“, „бесилка“… се најчестите „посакувања“ за политичките „предавници“ и неистомисленици, односно за одредена етничка, верска или навивачка група.

Секој стана сксперт за сè и сешто, особено на социјалните мрежи. Фалат деновите кога граѓаните дебатираа кој е подобар – Зидан или Роналдињо, Бекам или Дел Пјеро, Меси или Роналдо… Сега нашата младина дебатира кој е подобар – Заев или Мицкоски, Бранко или Груевски, Бачев или Апасиев… Комити или Шверцери, Балисти или Чкембари…

А и што друго да очекуваме од ваква младина, кога додека возрасните гледаат вести или некоја дебатна емисија свесно или несвесно користат говор на омраза, пцујат, колнат… и сето тоа пред децата. Сфаќаме ли дека од нашите деца создаваме монструми?!

Може да нè згрози информацијата дека во основно училиште во Аеродром малолетни ученици ја фрлиле низ прозорец својата соученичка. Кој е виновен за тоа? Децата, наставниците, образовниот систем? Или во друг случај каде што две лица со нож му се заканиле на 10 годишно дете да ја соблече и да им ја даде маицата.

Сфаќам дека ворасните имаа(т) задача да прават држава, или да ја одбранат, сеедно, меѓутоа домашните вредности полека се губат. Сè помалку време се посветува на децата. Често родителите се на „некој браник“ и сакаат да бидат дел од историски момент (во последно време се е историски момент), а не забележуваат дека нивните деца се затруени со омраза.

А каков пример им даваме на децата кога во сите медиуми и социјални мрежи сè уште се вртат снимки и фотографии од претепување на пратениците, од упадот на 27 април во Собранието. Освен неколкумина осудени, останатите хулигани или „уставобранители“ (како што самите се нарекуваат), слободно шетаат без никаква одговорност.

Одговорност мора да има за сите, и само така младите ќе знаат и ќе бодат свесни дека ако направат грешка ќе мора да одговараат, и дека нема да поминат неказнето.

Во Европска, Северна, ФИРОМ или каква и да е Македонија, децата мора да останат и да растат како деца, безгрижни, без политика, со многу љубов и посветеност…

Share36TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ