• Latest

Шахпаска одржа координативен состанок со претставници од Сојузот на стопански комори за предлогот недела – неработен ден

November 12, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска одржа координативен состанок со претставници од Сојузот на стопански комори за предлогот недела – неработен ден

November 12, 2020 16:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска учествуваа на зум состанок со претставници на Сојузот на Стопанската комора на Македонија  и претставници од Министерството за економија, на кој се разговараше за сите аспекти од новото законско решение  за недела да биде неработен ден, иницијатива прифатена од страна на Владата на Република Северна Македонија, соопшти МТСП.

Министерката Шахпаска ја потенцирала важноста на овие консултативни средби и можноста за отворена дискусија и учество на претставници на сите засегнати страни, со цел да се изнајде издржано решение, кое ќе одговори на потребите, но и ќе овозможи нормално функционирање на општеството.

„Исклучоци од правилото дека недела ќе биде неработен ден секако дека треба да има. Особено во поглед на дејностите кои се од витално значење за функционирање на општественото живеење, како што е здравството, полицијата, противпожарната служба и други дејности. Се прават темелни анализи, се консултираат сите засегнати страни со единствена цел да дојдеме до сеопфатно решение“, посочи Шахпаска.

Од страна на Сојузот на стопанската комора на Македонија биле презентирани првичните резултати од направената анкета која опфаќа 1160 испитаници од различни сектори, а која упатува на тоа дека на прашањето за негативните последици по работењето доколку недела биде неработен ден само 25% се изјасниле дека ќе имаат негативни последици, а високи 75% дека нема да има.

Учесниците на состанокот се согласиле дека оваа анкета ќе даде значаен придонес во креирањето на ова ново законско решение.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ