• Latest

Шахпаска: Посветено работиме излегувајќи во пресрет на правата на работниците

October 9, 2021
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шахпаска: Посветено работиме излегувајќи во пресрет на правата на работниците

October 9, 2021 14:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика посветено работи излегувајќи во пресрет на правата на работниците. Минататта година работевме на системскиот закон за работни односи и после изборите ќе отвориме широка дебата во која ќе бидат вклучени сите чинители од општеството. И при подготовката на законот учествуваа сите чинители, работниците претставени преку синдикатите и работодавачи преку Организацијата на работодавачи, социјалните партнери на Економско социјалниот совет, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која учествуваше на традиционалната текстилијада што секоја година во октомври се одржува во Штип.

Посочи дека дошле на традиционалната текстилијада за да разговараат за тоа што претставуваат прашањата кои се однесуваат на работничките права, на правата кои произлегуваат од работниот однос.

– Знам дека работниците со нетрпение го очекуваат новиот системски закон, затоа што во поповолен правец ќе бидат регулирани договорите за работа на определено време, ќе се скрати овој долг период од пет години кој беше досега. Ќе има измени и во делот на регулирање на породилното боледување, сакаме да ги вклучиме и татковците во овој процес заедно со мајките на нивните потомци. Минатата година донесовме измени на Законот за работни односи во делот на пензионирање со 64 години возраст со тоа што доколку жени со наполнети 62 години возраст изразат желба можат да отидат во пензија, рече Шахпаска.

Потенцира дека можат да се пофалат со законот за недела – ден на неделен одмор, законско решение кое го работеле од ноември минатата година, кое е заглавено на второ читање во собраниската Комисија за труд.

– Жал ми е што опозицијата не излезе во пресрет на работниците и ова право да биде испорачано во септември, но многу брзо после започнување со работа на Собранието во ноември ова законско решение ќе биде изгласано и работниците ќе можат и ова право да го уживаат на еднаква основа со останатите граѓани и неделата да ја поминат заедно со своите семејства. Минатата година учествувавме во креирањето на шесте финансиски пакети за поддршка на работниците преку субвенционирање односно давање финанскиски средства на работодавачите во делот на исплата на плати и останатите други финансиски придонеси во правец на доделување на потребите на социјално ранливите категории граѓани и генерално на сите, истакна Шахпаска.

Во делот на непочитување на работничките право, појасни, бевме информирани на неделно ниво затоа што постојано одржувавме zoom состаноци со Гласен текстилец, со невладините организации кои работеа во делот на работничките права, со Инспекциски совет, со Државниот инспекторат за труд.

– Како социјалдемократска Влада за нас грижата за работниците како основниот и најважниот човечки капитал во нашето општество претставува врвен приоритет. И натаму во иднина заеднички ќе работиме со нив…, додаде Шахпаска и посака успешна работа на текстилијадата.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека цело време работат во насока да ги адресираат потребите на работниците и новиот систем Закон за работни односи, кој е прв од 2004 година детално ги има изработено деловите во кои постоеле можности за да бидат заобиколени, толкувани на друг начин, а на штета на работниците. Според неа, ова е системско решение кое заедно ќе го доработат преку широка јавна дебата заедно со работниците, работодавачите и со социјалните партнери.

Директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска рече дека работат на јакнење на нивните капацитети.

– Во 2021 година имаме 22 нови вработувања, значи 22 нови инспектори кои се распоредени токму во оние подрачни единици каде капацитетот беше намален. Планот за вработување за 2022 година е дополнителни најмалку уште 25 инспектори кои секојдневно ќе бидат на терен и ќе ги штитат интересите на работниците и ќе го следат примената и почитувањето на законот, на подзаконските акти…со цел за да имаме доследна примена на законите од сите правни субјекти. Започнавме со обуки за новиот софтвер е-инспектор на кој сите инспекциски надзори се прават електронски, се отстранува субјетивност на инспекторот или какво било негово  незаконско постапување кога оди во надзор.

Од 1 јануари 2022 секој инспектор во Државниот инспекторат за труд, додаде таа, инспекциските надзори без оглед дали се редовни, вонредни или контролни, ќе ги прави на софтвер каде директно се прикачува записникот, ќе нема негово менување, директно ќе се прикачува решението и ќе се дава на работодавачот.

– Сите 30 подрачни одделенија во државата ни се покриени, меѓутоа во Скопје најмногу инспектори недостигаат, затоа што најголем број од активните правни субјекти се во Скопје. И годинава и следната најголем број од вработувањата ќе бидат во Скопје, меѓутоа не ги забораваме и градовите од источниот и јужниот дел од државата каде заради пензионирање има намален број инспектори, додаде Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ