• Latest

Шахпаска: Продолжува поддршката од ИПА фондовите за реформи во областа на вработувањето и социјалните политики

November 16, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Продолжува поддршката од ИПА фондовите за реформи во областа на вработувањето и социјалните политики

November 16, 2020 16:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на видео конференција на секторската работна група „Образование, вработувања и социјалните политики и Интеграција на Ромите“, на која учествуваа и министерката за образование Мила Царовска, Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје, претставници од донаторската заедница и граѓанскиот сектор, информира МТСП.

Во воведното обраќање министерката Шахпаска посочила дека како и за целиот свет и за нас како држава оваа година 2020 е година на предизвици и за здравствената и општата благосостојба на граѓаните и економската состојба на сите држави.

– Раст на невработеноста, односно губење на работните места на околу 17.690 лица, само за време на вториот квартал на годината, каде најпогодени се вработените од неформалната економија, самовработените и други лица кои се дел од ранливите категории, се на најголем удар на пандемијата која носи ризик и нивно втурнување во поголема сиромаштија, истакнала министерката Шахпаска.

Таа посочи дека состојбата би била многу полоша доколку Владата не преземеде итни мерки кои значеа полесно премостување на кризата од КОВИД-19. Тука се вклучени финансиската поддршка на најпогодените компании и граѓани.

– Кризата потврди и дека Северна Македонија има социјална заштита која дава резултати, преку мерките за невработените лица, олеснување на пристапот на Гарантирана минимална помош која директно влијаеше и во борбата против детската сиромаштија. Четвртиот пакет економски мерки вреден 27 милиони евра е наменет токму за најранливите категории на граѓани, вели министерката Шахпаска.

Според неа, Агенцијата за вработување која продолжи со реализација на Оперативниот план за активни програми за вработување и мерки, одговорила на предизвиците предизвикани од КОВИД-19 со проширување на опфатот на корисницитево мерките кои значат директна поддршка за стопанството и вклучување  на посебни мерки што ги таргетираат лицата најпогодени од кризата предизвикана од пандемијата. Имплементација на Младинската гаранција е во тек, посочи Шахпаска, додавајќи дека регистрирани се 19.000 млади лица, од кои 31 отсто или се вработиле или се вклучиле во активна мерка за вработување.

Министерката Шахпаска се осврна и на реформите во социјалната и детска заштита, односно проширување на видот на социјалните услуги и нивно доближување до граѓаните во заедницата, но и вложување во раниот детски развој и образование преку проширување на капацитетите во градинките со поголем опфат на деца во нив.

– Како еден од приоритетите на Владата и Министерството за труд и социјална политика е и обезбедувањето на еднакви можности и заштита на граѓаните во државата. Оттука и новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација за кој се очекува и наскоро назначување и на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, истакнала Шахпаска во обраќањето.

Таа посочи и дека наскоро се очекува поддршка од Собранието и за Законот за превенција од насилство врз жената и семејно насилство кој беше усвоен од Владата и се базира врз Истанбулската конвенција ратификувана во нашата држава.

Таа потсети и на вклученоста на земјава во Интернационалната иницијатива „Декада на Ромите“, преку стратегии и програми за интеграција на Ромите во општеството. Нашата земја, потенцира Шашпаска, е прва во регионот која воведува механизам за мониторинг на успешноста на политиките за подобрување на состојбата на Ромите.

Министерката Шахпаска го истакна и значењето на европската помош и поддршка, вклучително и значењето на ИПА фондовите за периодот 2021 – 2027 година, во областа на образованието, вработувањата и социјалната политика, вклучително и интеграцијата на Ромите.​

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ