• Latest
Фото: миа.мк

Шаќири: Ќе бидат прифатени барањата на матурантите што имаат законска основа

March 21, 2023

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири: Ќе бидат прифатени барањата на матурантите што имаат законска основа

March 21, 2023 13:25
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на неделава или на почетокот на идната ќе имаме конкретен одговор кој ќе биде во насока на тоа што има законска основа и што може да се прифати. Се друго што не може да се прифати и за што се потребни законски измени, не можеме таквите барања да ги разгледаме во овој период, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во однос на барањата на дел од матурантите за скратување на материјалот за полагање на државната матура за што во петокот протестираа и беа примени во неговиот Кабинет.

Шаќири соопшти дека за нивните барања денеска имал средба со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) и нагласи дека МОН поддржува се што има законска основа.

-Дел од ученичкиот сојуз е во редовна комуникација со ДИЦ во изминатата година и тие се известени за се што треба да се реализира на државната матура. Но пак, по барањето на средношколците денеска имав средба со ДИЦ и ќе имаме конкретен одговор за нивните барања, рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето на првата група студентки од иницијативата „Global Engineer Girls North Macedonia“.

Шаќири денеска имал состанок и со претседатели и претставници на студентски сојузи од универзитетите за да разговара за нивните барања. Разговарале за изедначување на износите на стипендии од иста категорија со анекс на договорите.

-Позитивна вест е што од оваа година обезбедивме буџетски средства за сите студенти што добиваат стипендија во истата категорија со анекс да ги усогласиме разликите во вредностите, рече Шаќири и додаде дека се договориле да ги разгледаат сите правни можности за претходната година дали може со анексот ретроактивно да се интервенира.

Во врска со субвенционираниот студентски оброк, министерот рече дека ова право почнало системски да се решава и дека овој месец исплатата ќе биде побрза од претходните месеци.

-Ни треба законска основа за да се реализира од први до петти. Веќе има доставен предлог од група пратеници, во процедура во Собрание е, и тука влегува повисока вредност на оброкот од сегашната, но исто така и системско решение што треба да почне од новата академска година. По поминување на законот, кој очекувам да го поддржат сите пратеници во Парламентот, ќе има и системско решение и поголема вредност на студентскиот оброк, додаде Шаќири.

Во однос на етапната реконструкција на студентските домови, со финансиска поддршка на Германската развојна банка, за што МОН во ноември претстави и Акциски план, министерот одговори дека „ќе сподели со сите студенти зошто еден или два месеца доцнат постапките“ и да одговорат, како што рече, „сите што се вклучени во овој процес – почнувајќи од постапките што ги организира Амбасадата на Германија и сите други институции“. За некои студентски домови, надвор од овој проект, соопшти дека средства се одобрени од Министерството за финансии преку МОН и реновирањето ќе биде во најбрз можен рок.

На прашањето дали и оваа учебна година ќе доцнат свидетелствата, тој укажа дека надлежна институција е Бирото за развој на образованието (БРО), но дека тоа веќе има почнато постапка за економски оператор и се надева дека таа ќе заврши навреме.

Според новата Концепција за основно образование, учебници по нови наставни програми од оваа година ќе има за трето и за шесто одделение. За трето одделение, рече Шаќири, веќе завршиле дел од огласите за пријавување автори и очекува дека ќе има доволно период учебниците да бидат одобрени навреме.

Во однос на постапките за шесто одделение, наставните програми од БРО, рече, се добиени пред десет дена.

-Веднаш и за нив е пуштен повик за автори. Ќе бидеме доследни, но веќе имаме одобрени учебници за повеќе одделенија. Минатата година имавме и процес на одобрување и процес на печатење на учебници, додаде Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања.

Tags: матурантиШаќири
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ