• Latest

Шаќири: Подготвени сме да се посветиме на имплементација на секој аспект на сајбер безбедноста

March 4, 2021

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Шаќири: Подготвени сме да се посветиме на имплементација на секој аспект на сајбер безбедноста

March 4, 2021 09:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сајбер безбедноста е составен дел од секој столб на дигиталната агенда, а ние како земја, сме подготвени да се посветиме на имплементација на секој аспект на сајбер безбедноста: правна, техничка, организациска, градење на капацитети и соработка, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, кој се обрати на панел дискусија во рамките на регионалната онлајн конференција „Сајбер отпорност и изградба на капацитети за сајбер безбедност на Западен Балкан“.

Во своето излагање, министерот Шаќири потенцираше дека воспоставувањето на заеднички стандарди за развој на сајбер безбедноста е нагласено како еден од стратешките приоритети на владата за 2021 година и се опфатени во Националната стратегија за сајбер безбедност 2018-2022. Воедно, Нацрт-законот за безбедност на мрежните и информациските системи ја транспонира Директивата за НИС на Европската унија и кога ќе биде усвоен, ќе биде највисоката легислатива за сајбер безбедност во земјата, потенцираше Шаќири.– Во моментов, Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (МКД-ЦИРТ) е официјално национално место за контакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти во мрежите и информациските системи. МКД-ЦИРТ има голем број на доброволни составни единици, вклучително и критични оператори на инфраструктурата. Сепак, улогата на МКД-ЦИРТ, како што е дефинирана со Законот за електронска комуникација, е чисто советодавна и тие не можат да воведат мерки за безбедност на информациите, дури ни на владините тела. Новиот закон за безбедност на мрежните и информациските системи, при транспонирање на Директивата за НИС на Европската унија, треба значително да го подобри законодавството за сајбер безбедност во земјата. Со донесувањето на овој закон, исто така, ќе се дефинираат давателите на суштински услуги и ќе се промовира стратешката соработка и споделувањето информации. Воспоставувањето надлежен национален орган за НИС е регулирано и со овој закон“, истакна министерот Шаќири.

Од Министерството за информатичко општество и администрација велат дека конференцијата е организирана од Женевскиот центар за управување со секторот за безбедност, со поддршка на Владата на Република Словенија и на Британската Влада и ќе трае три дена. На конференцијата учествуваат министрите или државните секретари од сите министерства на економиите од Западен Балкан одговорни за управување со сајбер безбедноста, како и клучните креатори на политики за компјутерска безбедност на Западен Балкан, меѓународни и регионални организации и експерти.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ