Допрва ќе се утврдува колкава била штетата од злоупотребата на претседателската функција што ја узурпираше Иванов цели десет години. Во меѓувреме, луѓето се сеќаваат на неговите гафови, неговите гадости и на револтот поради тоа што беше само продолжена рака на режимот на Груевски.
За денеска, објавуваме еден видео исечок од видео архивата објавена на социјалните мрежи од многубројните протести на Шарената револуција против режимот и против криминалната аболиција што ја даде тогашниот претседател Ѓорге Иванов за над 50 високи функционери на власта, против кои Специјалното јавно обвинителство поведе истраги за криминал, злоупотреби, корупција, насилство и изборни кражби. Се работи за едно безмалку ритуално боење на портрет на Иванов, закачен на полициските барикади, додека во позадина стои кордон од полициски специјалци.
Џ. Д.