Опасностите од забрзување на климатските промени, стои во извештајот на ОН за климатските промени. Тоа ѝ дава на меѓународната заедница најјасно предупредување за опасностите, изјави денеска претседателот на COP26, Алок Шарма.
Шефот на самитот, што ќе се одржи во ноември во Глазгов, Шкотска, за Обсервер рече дека извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), кој се очекува утре, ќе покаже дека светот е на работ на потенцијална катастрофа.
“Ова ќе биде најсилното предупредување досега дека човечкото однесување алармантно го забрзува глобалното затоплување и затоа ова е моментот кога треба да реагираме”, рече Шарма.
“Не можеме да си дозволиме да чекаме две години, пет години, 10 години”, изјави тој. ”Ова е моментот”, додадеј, објаснувајќи дека доколку нациите „не дејствуваат сега, за жал, нема да имаме време“.
Шарма рече дека прави сè за да постигне договор за спорната цел за ограничување на затоплувањето до 1,5 степени, одржувајќи голем број виртуелни и лице в лице состаноци, додека се обидува да овозможи консензус од197 земји за таа цел.