• Latest

Шекеринска: Армијата се вклучува во поддршка на државните институции за спречување на ширењето на коронавирусот

March 22, 2020

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Шекеринска: Армијата се вклучува во поддршка на државните институции за спречување на ширењето на коронавирусот

March 22, 2020 13:40
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
„Армијата многу директно ќе се вклучи во поддршка на сите државни институции во справување со последиците на коронавирусот и ќе биде на првата линија на одбрана на здравјето на граѓаните секаде каде што тоа е потребно“, рече заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција.

Шекеринска додаде дека согласно Уредбата што ја донела Владата, а која на Армијата и дава обврска во услови на вонредна ситуација да биде целосно во функција на поддршка на различните државни органи, формиран е оперативен штаб помеѓу полицијата и Армијата и во него прецизно се дефинирани начините на кои Армијата ќе и асистира на полицијата.

„Главниот фокус во следниот период ќе го ставиме на три задачи:

Првата задача е целосно преземање на контрола на граничната линија од страна на нашите полициски структури, односно од страна на граничната полиција. Тоа не значи дека војниците ќе ни ги контролираат нашите гранични премини, тука ќе продолжи да биде ангажирана полицијата, но целата порано наречена зелена линија на нашата граница ќе биде контролирана и под надзор на припадниците на Армијата со цел да се спречат нелегални влезови и излези од нашата граница. Со ова ние ќе овозможиме практично полицијата еден дел од своите сили, еден дел од своите припадници да може да ги повлече од границите без никаква опасност по нашата држава и да се сконцентрира на задачите, дома, внатре во државата.

Втората задача на припадниците на Армијата ќе биде заедничко учество во мобилни екипи на полицијата и Армијата кои што ќе можат да спроведуваат проверка на влезови и излези од населени места, особено во делот на кризните подрачја, но и мобилни пунктови и контролни точки во реоните на ангажирање. Согласно дополнителните уредби кои што ги носевме, заеднички полициско – армиски тимови ќе можат да спроведуваат и контрола на почитувањето на полицискиот час, почитувањето на самоизолацијата и доколку самоизолацијата не се почитува да веднаш се изрекуваат мерки, но и да се упатат овие лица во државен карантин и државна изолација.

И третата задача која што ја доби Армијата е во овој период да обезбеди физичко обезбедување на витални објекти кои што досега беа обезбедувани од страна на МВР. Во првиот чекор тоа значи дека Армијата ќе го преземе обезбедувањето на објектите како што се Собранието на државата, Владата на Република Северна Македонија, меѓутоа исто така и важни локации како што се на пример нашите затвори. Важно е да обезбедиме во услови на вонредна состојба, никој да не се грижи дали овие установи, казнено – поправните установи се под контрола или не се под контрола. Тоа не значи дека Армијата ќе ја преземе улогата на затворска полиција, но тоа значи дека тоа што порано го вршела полицијата со надворешно контролирање, надворешно обезбедување, сега тоа ќе го прави Армијата“, рече Шекеринска.

Таа објасни дека Армијата ќе функционира исклучиво во комбинирани тимови со полицијата, токму поради тоа што полицијата е таа што е вежбана и обучувана да се справува со ваков тип на цивилни закани, меѓутоа ќе даде силна поддршка со бројка, со луѓе, со опрема за да може полицијата да ги спроведе овие засилени активности и задачи.

Шекеринска информираше дека и полската болница РОЛ-2 која што ја има Армијата ќе биде сега целосно ставена во функција и на јавното здравје и ќе биде лоцирана на влезот односно во непосредна близина на Инфективната болница, како поддршка не само за нашите вооружени сили, но пред сè како поддршка на јавното здравје.

Министерката рече дека присуството на армиските припадници ќе биде димензионирано во согласност со ситуацијата со вирусот и одлуките на Владата, и ги повика сите припадници на Армијата, војници и офицери, да покажат максимална ангажираност во момент кога државата има потреба да се потпре на нив.

„Одлуките да ангажираме Армија во вакви моменти, не беа лесни. Меѓутоа беа оправдани. Оправдани се затоа што целиот свет, а не само ние се соочуваме со епидемија, опасност која што никој не можел ниту да ја замисли. Епидемија и опасност која што бара сите да бидеме мобилизирани и фокусирани и затоа Армијата со право стави на располагање сè што има и сè што може за да и помогне на полицијата, на државните органи, но и на целата држава“, рече Шекеринска.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ