• Latest

Шекеринска-Купер: Северна Македонија успешно го помина тестот од првата година членство во НАТО

February 10, 2021
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска-Купер: Северна Македонија успешно го помина тестот од првата година членство во НАТО

February 10, 2021 17:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска попладнево имаше телефонски разговор со помошникот секретар за одбрана на САД, Лора Купер. Во разговорот Шекеринска и американската висока претставничка од одбраната се осврнаа на годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО, политичко-безбедносната ситуација во регионот и плановите за одбранбена соработка.

Шекеринска упати честитки за новата администрација и изборот на нов секретар за одбрана и изрази очекувања дека сојузништвото и одбранбената соработка ќе продолжат по нагорна линија.

„Северна Македонија успешно го помина тестот од првата година членство во НАТО. Буџетот во  одбраната бележи континуиран раст при што акцентот на трошењата го ставаме на модернизацијата на нашите капацитети. Воената интеграција во НАТО се одвива според планираната динамика и ќе заврши до крајот на годината. После многу години учество во НАТО мисии на Блискиот Исток, се свртуваме и кон регионот и учествуваме во мисијата КФОР“, рече Шекеринска во разговорот.

Во разговорот стана збор за вежбата „Одлучен удар 21“ чиј домаќин ќе биде нашата земја, а САД се најголемите контрибутори во логистиката и реализацијата на оваа мултилатерална вежба во која ќе земат учество и Грција и Бугарија.

„Да се биде домаќин на ’Одлучен удар 21’ е големо признание за одбранбените капацитети на нашата Армија и нашата земја, особено затоа што нејзината изведба е во тесно партнерство со Соединетите Американски Држави и што е израз на длабоката меѓусебна доверба меѓу двете земји“, посочи министерката и додаде дека сојузништвото меѓу Северна Македонија и САД има стратешко значење за целиот регион.

Помошничката на американскиот секретар за одбрана Лора Купер ги поздрави заедничките активности на полето на одбраната и изрази уверување дека претстојната вежба „Одлучен удар 21“ во која САД имаат големо учество ќе помине успешно. Таа рече дека со доаѓањето на новата администрација, Вашингтон останува фокусиран на поддршката на напредокот на земјите од Западен Балкан на евроатлантскиот пат.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ