• Latest

Шекеринска: НАТО е сојуз на држави со исти вредности кои се поддржуваат и во тешки и во добри моменти

February 15, 2019

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска: НАТО е сојуз на држави со исти вредности кои се поддржуваат и во тешки и во добри моменти

February 15, 2019 10:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во изјавата по денешните сесии на министерскиот состанок во НАТО изрази длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешната несреќа на патот Скопје – Тетово и ги пренесе изразите на сочувство од учесниците на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата.

 „Од генералниот секретар на НАТО, преку високата европска претставничка Могерини, до моите колеги министри за одбрана од САД, Германија, Словенија, Холандија и Грција – сите уште на самиот почеток на нашите средби ги упатија истите зборови на сочувство и огромно жалење за изгубените животи. Тоа покажува дека НАТО не е само воен сојуз, туку сојуз на држави кои споделуваат исти вредности, држави кои се заедно во тешки и во добри моменти“, рече министерката Шекеринска денеска по двата состаноци на Северноатлантскиот совет во Брисел, во однос на вчерашната трагична автобуска несреќа кај Карпалак.

Во однос на денешните министерски состаноци, Шекеринска истакна дека ова е вистинска прилика да се види која е разликата од тоа дали земјата учествува или не на состаноците на Алијансата.

„Наместо како досега кога за нашата држава се разговараше на состаноци на кои што наши министри не присуствуваа, сега ние имавме прилика да го кажеме нашиот став за тоа што се случува во светот, за тоа какви треба да бидат операциите и акциите на НАТО и за тоа кои политики и на Балканот и во Европа ќе нè донесат до зголемена безбедност и зголемен просперитет“, рече министерката.

Шекеринска потенцираше дека нашите припадници продолжуваат со придонесот во Авганистан, но и со поддршката на мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР- АЛТЕА, како и со мисијата на Обединетите Нации во Либан.

Денеска завршува првата сесија на Северноатлантскиот совет на министри за одбрана на земјите-членки на НАТО. На состанокот, како и на билатералните средби со генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг, и со министрите за одбрана на Грција, на Турција, на Канада, на Велика Британија, на Белгија и на Бугарија, министерката Шекеринска доби честитки за заземеното место во НАТО како и за покажаната храброст и лидерство.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ