• Latest

Шекеринска очекува широка поддршка за законот за отпремнина за професионалните војници

April 26, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шекеринска очекува широка поддршка за законот за отпремнина за професионалните војници

April 26, 2021 12:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека во касарната во Велес со променетиот систем има конкурс на кој може да конкурираат сите млади, а првите три месеци се тест период во кој се гледа дали може да се снајдат во војничка атмосфера или не. Оние кои со успех ќе го завршат тој период, а што е некаков пандан на доброволно служење војска, истакна Шекеринска, веднаш продолжуваат со редовен работен однос.

– Токму оваа прва генерација војници што стартуваше крајот на минатата година беше првиот тест на овој систем и се покажа одличен. Затоа во Велес, тоа беа први војници професионално ангажирани кои првиот тримесечен тест го служеа токму во Велес. Можноста за доброволно служење останува, но помал број млади се одлучуваат на доброволно служење бидејќи сега имаат подобра опција. Тие три месеци ги служат како тест период и притоа добиваат целосна плата, појасни Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“.

Шекеринска додаде дека на тој начин е постигнато за секое место како војник во Армијата да има по 10 кандидати.

Најави дека во рамки на инвестирањето во Командата за обука и доктрини, во текот на оваа година се планира заедно со големите реконструкции во Воената академија и во една од Службите на МО и штипската касарна, Велес ќе биде еден од приоритетите затоа што е првата точка во која влегуваат првите војници.

Министерката Шекеринска очекува во текот на оваа недела во Собранието да се даде поддршка во прво читање во однос на најавената отпремнина за професионалните војници и веднаш потоа да почне амандманската расправа. Штом Собранието го усвои законот, најави, ќе бидат подготвени оваа опција да им се понуди на сите професионални војници кои полнат 45 години.

– Се додека тој закон не е усвоен, за жал, дел од професионалните војници кои заминуваат во други институции не можат да ја искористат таа опција. Меѓутоа според дискусиите во Собранието, не чув ниту еден аргумент против предлогот и очекувам широка поддршка, изјави Шекеринска.

Со оваа промена, оцени Шекеринска, покажале оти грижата за Армијата е грижа на почетокот, во тек на кариерата и на крајот на кариерата на војниците.

На барање на новинарите да направи споредба како ова прашање е решено во САД, амбасадорката на САД, Кејт Брнз  истакна дека не може да ги објасни разликите бидејќи двете држави имаат сосема различни системи.

– Нашата Армија во САД е многу голема и ова прашање треба да го реши Владата на РС Македонија, рече Брнз.

На прашањето во врска со неодамнешната акција на ДЕА и македонската полиција на Плетвар, амбасадорката Брнз истакна дека нема никаков коментар за активностите на полицијата и спроведувањето на законот тука.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ