• Latest

Шекеринска: Оваа недела две историски одлуки, лагите на ВМРО-ДПМНЕ не треба да ни го трошат времето

March 24, 2020

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025

САД ги укинаа санкциите против Милорад Додик и уште 48 физички и правни лица

October 30, 2025
Скриншот од видео на euronews

Прекини на електричната енергија низ цела Украина по масивните руски напади со ракети и дронови врз термоцентрали

October 30, 2025

ДЗР: 65,5 отсто од потребната енергија во земјава за 2024 била обезбедена од увоз

October 30, 2025

Нова изборна постапка во рок од 60 дена од конечните резултати на локалните избори во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN

Трамп по самитот со Си во Јужна Кореја најави скоро потпишување на трговскиот договор со Кина

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска: Оваа недела две историски одлуки, лагите на ВМРО-ДПМНЕ не треба да ни го трошат времето

March 24, 2020 17:38
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешната одлука на земјите членки на ЕУ да започнат преговори со нас е потврда дека оваа недела навистина ќе имаме две историски одлуки за сите нас и за нашата татковина – членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, изјави на прес-конференција во Владата вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа рече дека ова е и недела на два големи успеси, но за жал и недела на голема криза во државата и целиот свет, криза со која се соочува целото човештво.

– Се се менува со светлосна брзина, се менуваат проблемите, предизвиците, а и успесите, но и во успех и во криза една работа останува иста, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува наместо со помош, наместо со пофалба да работи само со лаги, рече Шекеринска.

Министерката регираше на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ и ги повика да престанат со лаги.

-Најдиректно ја демантирам лагата која е јасно дека е лага дури на секој граѓанин кој ќе врзе два со два. Лага е дека било кој, а особено јас изминатава недела замислете сум била на службени патувања и сум ги трошела државните пари на патувања и репрезентации. Тоа е истава недела кога скопскиот аеродром во главно беше затворен. Тоа е истата недела кога секој добронамерен па дури и злонамерен граѓанин кој ќе седне на Фејсбук и кликне, ќе види дека јас како и сите други колеги сум секој ден присутна на Главен штаб и на владина седница, рече Шекеринска.

Додаде дека токму овој период, изминатиот четврток во Министерството за одбрана донела одлука со решение да се укинат сите репрезентации за целото Министерството вклучително и нејзе.

– Јас не можам да сфатам, единствено ако сметаат службено патување дека со кола заминав за Пепелиште, ама верувајте ми кој сака нека дојде со мене на Пепелиште нема шанси таму да добиете репрезентации и немате шанси да имате службено патување во форма во која ВМРО-ДПМНЕ е навикната. Оваа Влада раскрсти со минатото, за разлика до владата на ВМРО-ДПМНЕ која прогласуваше за службена тајна сите податоци за трошењето, рече Шекеринска.

Таа порача дека сега не е време за лажни вести и оти треба времето да се потроши на вистински теми.

– Сакаме да ја испратиме пораката, ова не е време за лажни вести, на граѓаните сме им должни да го потрошиме времето на вистинските теми и предизвици. Лагите на ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно не треба да ни го трошат времето, рече министерката Шекеринска, додавајќи оти целосниот нејзин фокус и на Владата е тоа како да се справат со кризата.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ