Mинистрите за одбрана на НАТО на денешниот состанок, на кој присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска имаа една точка на дневен ред, состојбата со Ковид-19 во светот. Тие донесоа на Оперативниот план на Алијансата за координирана акција во справување со пандемијата на корона вирусот.
По завршување на состанокот Шеќеринска истакна дека Алијансата и земјите членки ќе овозможат уште поефикасни и побрзи рекации и ќе овозможи критичната асистенција да стигне до оние на кои најмногу им е потребна помош, побрзо и на поефикасен начин.
„Сите 30 сојузници сме соочени со истиот проблем, а тоа е со пандемија која веќе има глобални размери, и затоа најдобриот и најефикасниот начин е да имаме единствен став, координиран одговор, да бидеме солидарни, да бидеме брзи во реакцијата… НАТО АЛијансата создава заеднички ФОнд кој ќе ги покрие итните потреби на земјите членки и Фонд кој што ќе се користи за набавка и обезбедување на медицинска опрема, транспорт на опремата, на пациентите и на здравствените работници. Се договривме дека во рамки на Алијансата ќе се креира и залиха на медициска опрема за што веќе НАТО ги има започнато првите подготовки“, изјави Шекеринска на денешната прес конференција по завршување на состанокот.
„Овие залихи, ќе вклучуваат финансиски средства од сојузниците, донации и опрема која ќе се набавува преку Фондот, а ќе се користи за потребите на сите членки на Алијансата. Ако некој имал дилеми, еве точно што значи да сме дел од Алијансата. Тоа значи да учествуваме во одлуки, но и да ги користиме бенефитите на вака организираната акција и солидарност. Тоа значи дека не сме сами и дека не сме мали, туку дека сме дел од навистина најмоќната воено – политичка алијанса. Дека сме дел од поголемо семејство кое се поддржува и помага секогаш кога таа помош е потребна“, истакна Шекеринска.
На денешната, втора и последна сесија за овој министерски состанок, освен министрите за одбрана на земијте – членки на НАТО се приклучија и високиот претставник на Европската Унија, Жосеп Борел, но и министрите за одбрана на Шведска, на Финска и на Австралија.