• Latest

Шекеринска: Учеството во најмоќната воено-политичка алијанса е шанса за државата да профитира на безбедносен план

October 22, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Учеството во најмоќната воено-политичка алијанса е шанса за државата да профитира на безбедносен план

October 22, 2019 08:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Речиси 30 години државата се обидува да исполни една своја стратешка цел, тоа е членството во НАТО, не само поради политички бенефит, туку поради тоа што како држава од поранешна Југославија, видовме колкава е цената на нестабилност, на војна, на конфликт. И затоа учеството во најмоќната воено-политичка алијанса заедно со најмоќните и најбогатите е шанса за државата да профитира на безбедносен план.

Ова го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска во Куманово пред почетокот на дискусијата за придобивките и предизвиците од членството во НАТО организирана во рамки на НАТО Караванот „РСМ во НАТО: Политичко-безбедносни придобивки, ризици и предизвици“. Таа посочи дека три децении инвестиравме во членство, меѓутоа три децении нашите напори останаа без резултат, а сега кога огромен број членки го ратификуваа Протоколот, нагласи, може да се каже дека сме го оствариле она што е стратешка цел.

„Тоа што пред две години изгледаше невозоможно, домашната криза, нападот во Собранието што не фрлија на страната на нестабилноста, членството во НАТО гарантира дека и економски и политички државата се стабилизирареше“, истакна Шекеринска.

Во дискусијата со кумановци, Шекеринска се осврна на сработеното, на реформите во одбраната, кои биле истакнати пред созјуниците како завршени обврски. Три години по ред, истакна, се зголемува буџетот за Армијата, за одбраната, се инвестира во луѓе, знаења, припадниците на Армијата добија прво 10 проценти покачување на платата, а сега уште пет проценти.

„Зголмување на приходи, реформи, но тоа се не само реформи за НАТО,  туку се и домашни задачи“, рече министерката.

Шекеринска додаде дека 25 земји членки ја завршија ратификациската процедура и тоа беше брз процес, бидејќи, според не, можат да траат и до година и половина. Први го ратификуваа соседите што покажува, вели, дека Балканот учи од своето искуство, а  минатата недела дури две земји членки.

„Тука може да споделам дека финалната фаза во американскиот законодавен дом започнува“, кажа пред кумановци, министерката. Членството, рече, гарантира безбедност и стабилност на државата и не само тоа, туку и носи резултати на економски план, укажувајќи дека откако е добиена поканата  за повеќе од четири пати се зголемени странските инвестиции, а за оваа година има 50.000 нови работни места.

„Посакуваме  и очекувавме оваа година да биде, година на двоен успех, НАТО членство почеток на преговори со ЕУ. Пораката и резултатот од последната средба ви е позната. Тоа е разочарување за сите нас, но оптимист сум. Ја чувме негативната, но и позитивната порака – ниту една земја членка на ЕУ не можеше да најде аргумент против нас, дека не сме успеале нешто да завршиме“, рече Шекеринска и додаде дека нема откажување.

Според неа, НАТО членството ќе биде круна на заложбите да станеме дел од западниот и развиен свет.

Што се однесува до бројките министерката кажа дека до 2024 година секоја држава ќе мора да одвои два процента од БДП.  Таа потенцираше дека до 2008 година, државата одвојувала 2,18 проценти од БДП за одбраната.

„Тоа не значи дека ги даваме парите во НАТО, туку си ги вложуваме кај нас, додаде министерката. Државата има академија каде се едуцираат питомци од други држави, полигон каде се вршат вежби, а за македонското небо се грижи членка на НАТО,  Грција“, нагласи Шекеринска.

Членството во НАТО, рече таа, е и паметна одбрана, а парите кои се одвојуваат ги спореди со одвојување 50 денари од секој граѓанин на годишно ниво за кафе.

„50 денари годишно од секој граѓанин е мала цена за сигурно небо и безбеден сон“, нагласи министерката.
Со НАТО членството ќе се задржат и младите во македонската армија, рече министерката Шекеринска, која се осврна и на лажни вести кои произлегоа во врска со членството, а македонските компании ќе можат да учествуваат на тендери кои ќе ги објавува Алијансата.

Амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, се осврна на приемот на таа земја во НАТО, истакнувајќи дека процесот траел околу година дена.

„Јасно е дека Северна Македонија веќе се третира како членака на НАТО, но техничките процедури мора да се завршат и се надевам дека тоа ќе биде до Лондонскиот самит. Евентуалното одложување на формализацијата на членството за некој месец или два, ќе биде резултат на објективни околности на кои никој не може да влијае како што е случајот со Шпанија и вонредните избори кои се закажани за ноември, но се надеваме дека набргу ќе ја дочекаме Северна Македонија како 30-та сојузничка“, рече амабасадорката.

Покрај колективната одбрана, тука е и заштита на воздушниот простор, помош при непогоди, кризни ситуации за кои НАТО одвојува ресурси да помогне на својата членка, рече амбадароката. Предност е, потенцираше амбасадорката, и можноста да се аплицира за работи за воени и цивилни структури во НАТО. Во Црна Гора забележан е и раст на инвестиции, зголемен е бројот на туристи од земји членки на НАТО, има раст во индустриски зони, зголемени приходи во комапнии кои се занимаваат со шпедитерски услуги, софтверски компании.


извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ