Можностите за вклучување на Северна Македонија во т.н. „Зајакнато истурено присуство“ на Алијансата во Латвија, во рамки на словенечкиот контингент, била една од темите на која денеска во Рига разговарале министрите за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, на Словенија, Матеј Тонин, и на Црна Гора, Оливера Ињац, во рамки на работната посета чиј домаќин бил министерот за одбрана на Латвија, Артис Пабрикс.
– Северна Македонија како посветен и НАТО сојузник, целосно ги поддржува вредностите на Алијансата и цврсто верува во столбот на НАТО – колективната одбрана и подготвеноста заеднички да се гарантира мирот и стабилноста на целата евроатлантска област, рекла министерката Шекеринска при посетата на воената база Адаџа, каде тројцата министри извршиле обиколка и имале средби со војниците и командната структура.






Додала дека Северна Македонија, Црна Гора и Словенија имаат одлична меѓусебна билатерална соработка која го отвори патот за заеднички придонес и во „Зајакнато истурено присуство“.












