• Latest

Шекеринска: Законот за служба во Армијата решава реални проблеми, опозицијата да не го кочи

June 28, 2021
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски: Русија не чувствува доволен притисок за крај на војната

October 22, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

СЗО: Здравствената катастрофа во Газа ќе трае со генерации

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

Руското влијание врз локалните избори 2025: Про-руски партии, финансиери блиски до Москва, руска пропаганда во медиумите

October 22, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шекеринска: Законот за служба во Армијата решава реални проблеми, опозицијата да не го кочи

June 28, 2021 14:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Жалам што генералната политика на една од политичките партии го кочи Собранието. Жалам дека со тоа никаде нема да стигнеме. Законот за служба во Армијата е закон којшто навистина еден дел од припадниците го чекаат како реална потреба да решат сериозен проблем, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска и повика да се откочи донесувањето на Законот за служба во Армијата во Парламентот.

Таа се осврна на еден од членовите којшто досега помалку беше елабориран, а со кој се планира од септември оваа година да се обезбедат стипендии на деца кои се од семејства што не можат да си дозволат да ги пратат децата на факултет, при што Армијата ќе преземе да ги стипендира за потоа да бидат нејзин кадар.

– Така планиравме да ги зголемуваме капацитетите во ИТ, во електротехника, во машинство… Гледате овде со каква опрема се работи. Значи треба да има луѓе за таа опрема. Значи, сето она што е дефицитарно, критична специјалност по можност да го стипендираме од прва година на факултет. Тој конкурс не можеме да го реализираме затоа што законот е заглавен. Војници од 45-годишна возраст не можат да земат помеѓу 20 до 25 илјади евра како крај на нивната кариера затоа што законот е заглавен. И навистина уште еднаш повикувам таа кочница, која често се користи, да не се користи за овој закон затоа што навистина од законов има само победници, нема поразени, рече Шекеринска на новинарско прашање во касарната Чојлија кај Петровец, по примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, донација од САД.

Таа истакна дека за тоа разговарала со пратеници од опозицијата во текот на седницата во четвртокот за пратенички прашања и дека кажала оти е подготвена за компромис за сите прашања каде што е тој возможен.

– Не сум ниту тврдоглава, ниту желна да биде така како што сме предложиле, ама мора да биде подобро, не смее да биде полошо. Јас се надевам дека откако излегов со некои предлози, со некои можни компромисни решенија се надевам дека ќе имаат слух за седумте илјади луѓе кои ги викаме секојпат кога ќе згусти. Седум илјади луѓе кои при секоја криза се на улица, се по планини, гасат пожари, се вклучени во најтешките активности како држава. Сега е момент да им вратиме, вели Шекеринска.

Таа потсети дека Законот во прво читање е поминат и нагласи оти не мисли дека ова решение треба да се бара надвор од Собрание.

– Во Собрание го дискутиравме, во Собрание сите го поддржаа во прво читање, верувајте една критика немаше. Јас сум била во Собрание, знам како на нож се дочекуваат одредени измени во коишто ќе има малку разлики и значење. Сите кажаа дека одредбите се добри. И за жал, одредени политички структури потпаднаа под влијание на луѓе кои ем сакаат да носат армиска униформа, ем сакаат да не и помагаат на армиската униформа со која што го делат животот, рече министерката Шекеринска.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    181 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ