Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ. Тие се одговорни за нивното молчење, самодоволство и неактивност, пишува Роман Шеремета, вонреден професор по економија на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв и поранешен основачки ректор на Американскиот универзитет во Кијив.
Шеремета го цитира рускиот дисидент и еден од најголемите шахисти на сите времиња, Гари Каспаров, кој го кажа тоа јасно на Јавниот форум на НАТО:
„Големата дебата е дали е војна на Русија или војна на Путин. За жал, тоа е војна на Русија. Секој Русин, вклучувајќи ме и мене, има одговорност за злосторствата извршени во Украина.“
Според Шеремета, уште поубедливи се зборовите што ги кажаа руските обвинители на Нирнбершките судења – зборови што сега совршено се однесуваат на самите Руси:
„Сите Германци се виновни за злосторствата на Германија на исто ниво со раководството на земјата. Бидејќи тие беа оние што ги избраа и не ги запреа своите власти кога извршија злосторства против човештвото.“
Денес, овие зборови ги опишуваат „сите“ Руси, заклучува Шеремета во објавата на Фејсбук.
Д. Мишев