Поранешниот градоначалник на Скопје се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и даде коментар за актуелната ситуација во главниот град. Имено веќе некое време постои голем проблем со јавниот превоз и се повеќе граѓани не стигнуваат на време до нивните работни места и се повеќе нервозни граѓани се “гужваат” во автобусите. Поради овие проблеми зголемен е бројот на граѓаните што се одлучуваат да тргнат со автомобил на работа, па се зголемува и гужвата и во сообраќајот, пренесува Бриф.
“Со сензационалистичко пласирање на лаги и невистини, купуваш ден, недела, месец, но не решаваш проблем. А нерешениот проблем ? Еееее, нерешениот проблем по истекот на денот, неделата, месецот се враќа и стравично удира. Право во глава …. Оди си. Не се (не) мачи сите…”, напиша Шилегов.