• Latest

Школски спакуван национализам!

August 14, 2020

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Школски спакуван национализам!

August 14, 2020 14:08
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Национализам во Македонија никогаш не недостасува, за жал, секогаш (ќе) го има во огромни количини. Во изминатите години национализмот јавно се манифестираше и многу лесно се препознаваше. Денес, времињата и методите малку се сменија, (освен неколку изолирани случаи кои сè уште јавно пропагираат национализам), сега национализмот убаво и смислено се пакува и им се (про)дава на граѓаните.

Еден од примерите е статусот на Јована Мојсоска од Левица која „загрижена за Албанците“ пишува: „Во Велешта пред 15 години имаше 8 паралелки во прво одделение. Сега има одвај една. ДУИ е на власт 18 години и додека манипулира дека ги претставува Албанците, народот заминува за држави каде нема албански премиер, ниту зборуваат на албански јазик“.

Овој статус би бил сосема коректен ако продолжеше дека и во многу општини со претежно македонско население, бројот на ученици се намалува и луѓето се отселуваат од државата (или од помали рурални средини се преселуваат во град), не поради тоа што се смени името на државата, туку дека бараат подобра егзистенција и подобар живот!

За време на политичката кампања лидерот на Левица нагласи дека „димна бомба“ ќе фрлеше во парламентот ако беше пратеник во Собранието додека се менуваше името. Но, не слушнавме сега кога веќе станал пратеник дека ќе фрлел „димна бомба“ ако не се донесе некој закон со кој ќе се овозможи подобар животен стандард на работниците, на социјалците, на учениците…

Сушнавме и дека оџите на Бит Пазар и Чаир му сметаат и дека има „исламски вахабизам“ во државата (што и да му значи тоа)… И одеднаш, по изборите кога е во тек формирање на Влада, токму тие чии усти беа полни со УЧК-и, терористи, муџахедини, сега се „загрижени за Албанците кои поради ДУИ се отселуваат од државата“.

Не само Албанците, туку и Македонците, Србите, Ромите, Турците, Бошњаците, Власите, Египќаните… сите заминуваат на места каде што нема да им е важно дали државата на пример ќе ја нарекуваат Германија, Немачка, Дојчланд… или на каков јазик зборуваат, и дали униформите на полицијата или парите се двојазични, туку битно им е да имаат пари во џеб, храна во фрижидерот, да имаат сигурност и да се чувствуваат безбедни и сигурни, каде нема да стравуваат дали некои националисти ќе им ги претепаат децата на улица.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ