СДСМ не дозволи профитерство врз грбот на граѓаните во време на криза. Со одлуката за цената на лебот од најмногу 33 денари ги заштитивме граѓаните и стандардот. Од денеска и производите на големите пекарници кои два дена ја бојкотираа оваа обврска се доставуваат до сите маркети со продажна цена од најмногу 33 денари, изјави на прес-конференција пратеничката на најголемата владејачка партија Санела Шкриељ.
Имајќи ги предвид повластената цена на електричната енергија, цените на пченицата, на природниот гас и горивата, цената од 33 денари е фер и во неа е вклучена и заработката на пекарниците, истакна пратеничката на СДСМ.
Таа додаде дека се разгледуваат опции и за замрзнување на цените и на други основни продукти, бидејќи граѓаните се секогаш на прво место.
Ќе остане завележано дека единствени противници за мерката за леб од 33 денари и кои застанаа зад профитерите беа ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Кризните прифитери треба да се засрамат. СДСМ е тука за граѓаните, продолжуваме со мерки и политики кои го штитат и унапредуваат стандардот на домаќинствата, изјави Шкриељ.