– Прекрасната Атиџе од „Медена земја“ е наша гордост и за сите нас е национална хероина. Најмалку што можеме да направиме е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот. Денеска имав можност лично да се запознаам и да се информирам дека таа и нејзиното семејство се корисници на повеќе права од социјалната реформа, објави заменик министерката за труд и социјална политика, Санела Шкријљ.
Таа додаде дека Општина Лозово ќе се погрижи за санација на кровот на куќата на Атиџе во село Дорфулија.
– Атиџе ти си инспирација за секоја жена, пример дека може да се успее во сè што се работи и при тоа да води сметка за природата. Доказ за тоа е твојата животна филозофија „задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите“. Земањето од тоа што ни го дала приридата за да се преживее, без при тоа да не се наштети и да се обезбеди одржливост е лекција којашто сите треба да ја научиме за да го сочуваме светот за идните генерации, додаде Шкријељ.
Д.М.