• Latest

Шкријељ: Во извештајот на Стејт департментот се потенцира дека Владата работи на идентификација на случаи на корупција

March 22, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шкријељ: Во извештајот на Стејт департментот се потенцира дека Владата работи на идентификација на случаи на корупција

March 22, 2023 21:42
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Корупцијата е се уште проблем, но сега има реченица која вели дека Владата работи на идентификување и процесирање на фунцкионери кои биле поврзани со корупција. Примерот дека имаме функционери од актуелното владејачко мнозинство, а се процесирани укажува дека Владата решила да се бори со корупцијата“ рече пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека доколку се анализира реториката на извештајот на Стејт департментот се гледа дека ситуацијата во земјата се подобрува.

„Ако се вратиме наназад ќе видиме дека речениците беа дека владата презема ограничени чекори за да идентификува и процесира случаи на високи функционери. До пред неколку години беше незамисливо функционери од тогашанта владејачка гарнитура да одговараат“ рече Шкријељ.

Пратеничката истакна дека овој извештај е патоказ, како и сите други извештаи на меѓународните парнтери кои покажуваат до каде сме и каде имаме предизвици.

Опозицијата да прекине да ги блокира законите за кои и Европската комисија ни кажа дека мора да ги донесеме

„Извештајот на Стејт департментот и Извештајот на Европската комисија ни даваат насоки каде треба да одиме со реформите за да ги исправиме работите во судството и во борбата против корупцијата. Тука ни е потребна согласноста на партиите за да може заеднички да ги истераме работите, а факт е дека две години законите се блокирани во Собранието“ рече пратеничката од СДСМ.

Таа додаде дека опозицијата ги блокира законите за кои во Извештајот на Европската комисија се констатира дека се потребни за да може да видиме некои промени.

„Ова е заеднички проблем на целото општество што се должи на долга низа години на неказнивост во општеството“ рече Шкријељ.

Пратеничката додаде дека оваа Влада не се обидува да ги стави проблемите под тепих и дека бара решенија за системските проблеми со корупцијата и судството кои се креирани со постапките на претходните влади долги години наназад.

Tags: интервјуСДСМШкријељ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ