Новата група пратеници кои ќе ги заземат своите места во конгресот во Шпанија ќе вклучат повеќе жени отколку кога било досега – речиси колку и мажи.
Со сите пребројани гласови сега е јасно дека 46,8 отсто од избраните членови на парламентот ќе бидат жени. Во долниот дом ќе има 164 жени кои седат заедно со 186 мажи – 26 повеќе жени отколку во последното законодавство. Податоците покажуваат дека ова е прва пат како уделот на жените пратенички се зголемува над 40%.
Ова се петти избори откако Шпанија воведе закон за еднаквост кој бара баланс на машки и женски кандидати. Законот за еднаквост од 2007 година, донесен од Хозе Луис Родригез Запатеро, бара ниту еден пол да не го надмине односот од 60-40.
М. И.