• Latest

Штанц машината на ВМРО-ДПМНЕ

December 12, 2019
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Штанц машината на ВМРО-ДПМНЕ

Сосема јасно е дека капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање е практично неограничен. Со огромните суми пари со кои располагаат, вклучително и оние што им се доделени од буџетот на граѓанките и граѓаните, тие можат да дејствуваат погубно по секој процес, по секоја реформа што е на агендата за трансформација од заробена во демократска и европска држава.

December 12, 2019 23:35
in БЛИЦ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Штанц машината за амандмани на ВМРО-ДПМНЕ се разработи. Дури 6.000 амандмани за измени на изборниот законик поднесоа во рекорден рок, покажувајќи ја уште еднаш својата ревносност во блокирањето на сите можни процеси во земјава.

И нема сомнеж, можат да поднесат уште неограничен број амандмани, ако сакаат да го блокираат процесот. Инаку, како што знае јавноста, се работи за измени во Изборниот законик кои предвидуваат промена на изборниот модел и создавање на една единствена изборна единица, наместо досегашните шест. Тоа е предизборно ветување на СДСМ и долгогодишно барање на повеќе релевантни невладини организации во земјава.

На бројката од 6.000 амандмани за Изборниот законик, се додадоа и близу 1.000 амандмани за Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители. Значи, скрибоманија пуштена на најјако.

Сосема јасно е дека капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање е практично неограничен. Со огромните суми пари со кои располагаат, вклучително и оние што им се доделени од буџетот на граѓанките и граѓаните, тие можат да дејствуваат погубно по секој процес, по секоја реформа што е на агендата за трансформација од заробена во демократска и европска држава.

Со тие пари се финансира и штанц машината за лажни вести, дезинформации и говор на омраза, се финансираат и прекугранични операции, а секако и црната (депресивна) кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Навистина, овие денови гледаме дека дури ни за пари не им излегуваат луѓето на митинг, но тоа не ги расколебува, бидејќи имаат ефект со блокадата на институциите.

На тоа треба да се додадат и деветте месеци одолговлекување и блокирање на законот за Јавно обвинителство, при што непосредно беше „убиено“ и СЈО, како и сите медиумско-политички и подземни операции за дискредитација и блокада на сите процеси за враќање на правдата.

Но, сето тоа нема потреба да нѐ чуди. Ако само се сетиме на дел од големите „дела“ со кои се поврзува оваа партија, скрибоманијата и филибастерингот изгледаат како детска играчка. Доволно е да си спомнеме само 24 декември 2012, Диво Насеље, 27 април 2017… И сѐ е јасно.


Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ