ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Камерманите на МТВ не користат швенк. Посебно кога претставници на власта се пред народот, што на Илинден сепак мора да се случи. Лани, да не беше една приватна камера не ќе знаевме колку малку народ дошле во Крушево на прославата и дека делегацијата на чело со прeмиерот Мицкоски била исвиркана, изрезилена, објави новинарот и аналитичар, Љубомир Костовски на Фејсбук.
Годинава претседателката Гордана го извлекла најкусото чкорче и морала да замине за Крушево. Но затоа камерата ја даде само во крупен план и од еден агол – таа читаше, втренчена во напишаниот текст, имаше и малку драмски елементи на крајот ама не ја видовме реакција на публиката! Аплаудиреше, плачеше, се смееше ли? Само снимки од коњаниците од Лисиче… Ниту тонски одгласи.
Прeмиерот Мицкоски остана во Скопје, да полага венци без публика – градот беше празен, како што планирал и тој. Уште го држи шокот од лани а самиот знае колку му расте, демек рејтингот. Глeдав еден кадар снимен дури од Паркот жена борец а Мицкоски положува венец од каршија, на споменикoт на Никола Карев. Шахтите во градот биле заварени за да не му се случи атентат а сега и камерманите се опасни?!
На полагањето венци во Пелинце, каде постои музеј за Првото заседание на АСНОМ, власта ја испратила Веснa Бендевска. Во нејзината најнова партија знаат дека таа нема сраm ни перде, па може да издржи евентуален непријатен одглас за неа од посетителите. И пак камерата на МТВ е фокусирана на говорничката, ни сантиметар лево, ни десно. Ништо од пораките на присутните, нели? Мицко може да здивне, Максим кумановецот исто така – МТВ е тука да го чува нивниот рејтинг, да останат горди…