• Latest

Што е изборен материјал?

July 13, 2020

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Што е изборен материјал?

July 13, 2020 13:20
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во изборниот материјал за спроведување на изборите спаѓа: кутии за гласање и паравани, обрасци на записници и дневник за работа на избирачкиот одбор, блок со гласачки ливчиња според изводот од
Избирачкиот список, листи на кандидати, потпишан извод од Избирачкиот список, средства за обележување на лицата кои гласале (спреј и УВ ламба), графитно перниче, печати, упатство за гласање и друг материјал потребен за гласање.
Според правилата од Изборниот законик, упатството за гласање се истакнува на видно место на гласачкиот параван и на други видни места на гласачките места во согласност со Упатството издадено од Државната изборна комисија.

Упатството е печатено на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазиците и писмата на заедниците наведени во Преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија.

Изборниот материјал го предава Државната изборна комисија на општинските изборни комисии, најдоцна од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите. Изборниот материјал за гласање
во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) го предава на овластено лице во Министерството за надворешни работи, најдоцна пет дена пред денот на одржување на изборите. За овие предвремени парламентарни избори оваа процедура не се спроведува поради недоволен број на гласачи пријавени за гласање во дипломатско-конзултатските претстваништва.

Според Изборниот законик, при предавањето на изборниот материјал се составува записник во кој треба посебно да се наведе вкупниот број на гласачки ливчиња со сериските броеви и потребниот број листи
на кандидати што се истакнуваат во просториите за гласање, како и друг материјал потребен за гласање.

Записникот го потпишуваат претседателот и членовите на избирачкиот одбор и членот на општинската изборна комисија кој го предава материјалот. Ако присутните претставници на подносителите на листи имаат забелешки за предавањето на изборниот материјал, тие имаат право да им се овозможи
да бидат евидентирани во записникот и тоа да биде основа во постапката за заштита на избирачкото право.

При предавање на изборниот материјал право на присуство имаат и овластените набљудувачи.

Изборниот ден на предвремените парламентрани избори на 15 јули ќе го набљудуваат 8 акредитирани граѓански организации од земјата со вкупно 2508 домашни набљудувачи. Акредитирани се и 21 меѓународни набљудувачки мисии, амбасади и преведувачи или вкупно 154 меѓународни набљудувачи и преведувачи. Државната Изборна комисија акредитираше 55 странски новинари што ќе известуваат за текот на денот на гласање на 15 јули.

ЦИВИЛ ќе ги набљудува изборите со 314 акредитирани набљудувачи, кои на изборниот ден ќе бидат мобилни, според воспоставената методолигија за изборен монторинг. Набљудувачите на ЦИВИЛ ќе покриваат 15 категории на нерегуларности, вклучувајќи го политичкото финансирање и почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ