• Latest
Ерол Ризаов

Што ќе ни се случува во годината на змијата

December 31, 2024

24 ЧАСА: „Никогаш Северна“ спласна – 7 години Преспански; На журка кај Баздникин – Стоиљковиќ и МПЦ-ОА дел од „рускиот свет“; Убиени над 50 Палестинци кои чекаа храна

June 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Ердоган: Израел го загрозува своето постоење со секоја крв што ја пролева и со секое злосторство против човештвото што го извршува

June 17, 2025
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

June 17, 2025
Фото: Фејсбук на др. Ненад Лазаров

Студентите во блокадата поднесоа кривична пријава против Вучиќ за посетата на повредените од Кочани

June 17, 2025

ДУИ: Од регионална ѕвезда до фактор на изолација – 7 години од Преспанскиот договор

June 17, 2025
Фото: МВР

РЕАКЦИИ: Огромно НЕ на министерот Тошковски, граѓаните веруват дека стапката на криминал не е намалена, напротив, таа е зголемена

June 17, 2025
Зоран Заев и Алексис Ципрас за време на потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици

Преспанскиот договор, седум години подоцна: Од дипломатски триумф до ризик од враќање наназад

June 17, 2025

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

June 17, 2025
прашање на денот преспа

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: 7 години Преспански – кои се придобивките?

June 17, 2025
Ерол Ризаов

Моралната одговорност не се мери на избори

June 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Што ќе ни се случува во годината на змијата

Според тоа како ни завршуваат старите и како ни почнуват новите години, не е тешко да се предвиди иднината кога таа е препуштена само на судбината. Кај нас судбината ни е иднина.

December 31, 2024 12:55
in СТАВОВИ, ТОП 5
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Според Источниот, или како обично се нарекува кинескиот  календар, влегуваме во годината на змијата. Не е прецизирано дали се работи за обична водена змија , отровница мамба, поскок,  кобра,  или пак за  смок, или голем  питон. Источните астролошки толкувања предвидуваат дека 2025 ќе биде година на остриот ум, на лукавството, на сензуалноста и скриената моќ. Ќе била таа судбоносна и пресвртна година. За тие што веруваат во хороскопските знаци во годината на змијата можат да се надеваат дека ќе им донесе трансформација во животниот циклус и ќе преминат во нова фаза.

По нашиот Грегоријански календар, помешан малку со Јулијанскиот, како посебен македонски, отпаѓаат остриот ум и сензуалноста, а ќе нема и пресврти, трансформации и нови фази во животниот циклус. Останува се по старо. Скриената моќ ќе остане јавна и уште посилно манифестирана со сеење страв од кобри и разни други отровници. Пред питоните ќе стоиме укочени како зајаци пред да бидеме голтнати. Тоа е нашата трансформација на животниот циклус.

Ова пародично претскажување не е баш пријатна новогодишна честитка, ама според тоа како ни завршуваат старите и како ни почнуваат новите години не е тешко да се предвиди иднината кога  таа е препуштена само на судбината. Кај нас судбината ни е иднина, кога веќе не сакаме сами да си ја направиме иднината.

Бирајте од каде сакате да почнеме. Од економскиот развој, животниот стандард, скапотијата, квалитетот на животот, од нашите „епски“ битки против корупцијата и организираниот криминал,  владеење на правото, меѓуетничките односи, иселувањето на младите, демократијата, уставните измени, спроведување на  реформите и продолжување на преговорите до членство во ЕУ,  загадувањето и еколошката свест… можете да ги додадете сите ветувања и вашите очекувања и ако ви проработи сеќавањето и умот, не мора  да е остар, сто отсто ќе погодите. Ако погрешиме и нешто не  погодиме тоа ќе биде добра вест.

Да одиме со ред. – Состојбите во македонската економија ќе бидат полоши отколку во изминатата година. Богатите ќе бидат побогати, сиромашните посиромашни. Кога некој брзо се богати, многумина уште побрзо осиромашуваат. Тогаш животот ќе биде поевтин во буквална смисла. Цените ќе продолжат да растат побрзо од платите и од пензиите. Најбрзо ќе растат задолжувањата на државата, а долговите  ќе ги плаќаме до трето колено за тоа што веќе сме се задолжиле до гуша. Ќе се плати борчот со сиромаштија. Ќе се увериме конечно дека економските закономерности не можат да се отстранат со владини одлуки,  инспекциски контроли и казни. Увезената инфлација, над 70 проценти на храната и се она што доаѓа од странство, или ќе се плати колку што чини, или ќе ги нема тие производи.

Наместо политички притисок врз производителите и трговците во земјите каде владеат економските закони овие проблеми се решаваат со зголемување на конкурентноста, со даночните политики, паметни инвестиции, структурни реформи, поголеми примања, оправдани, а не социјални субвенции.

Одиме боси по трње

Македонија доцни со алармот на владата што ќе се случува во земјата  ако дојде до прогнозираниот пад на германската и западноевропската економија  каде што е најголемиот дел на приходите од нашиот извоз, над 60 проценти. Какви последици ќе се појават од оваа сериозна закана по македонската економија нема ама баш никаква стратегија и активност, ниту од владата, ниту пак од стопанските комори и од самите компании.

Одиме боси по трње со популистичка ѓурултија дека алчните трговци се виновни за скапотијата. Не ги симнале  цените како што наредила владата.  Премиерот  Христијан Мицкоски  и неговите министри биле многу лути за тоа, па везден плашат мечка со дајре. Нашата влада се бави со последиците, а не со причините, па згора на тоа уште се фали дека на пролет ќе стасаме до нула, а потоа ќе се вивнеме до небото. Театрално загрижени лошите актери не се симнуваат од ТВ екраните и социјалните мрежи ветувајќи подобар живот и за тоа мислат дека нешто сработиле.

Битките со корупцијата и организираниот криминал се разбира ќе продолжат исто толку успешно како и сите претходни години. Ќе има медиумски најавени апсења и судења, а големите босови ќе останат негибнати. Како што веќе и се гледа острицата е свртена кон поранешната власт и политичките противници. Има и една нова доктрина, а тоа е истовремено апсење, но и  пропагандно прогласување како невини на осудените од времето на ерата на „груевизмот“. Се разбира, тука е генијалната реформа на претходната власт, со аминување на сегашната, со измените на  кривичниот закон за масовно застарување на случаите кои стоеле во судиските фиоки.

Владеењето на правото што не се вади од уста цели 33 години ќе продолжи со уште пожестоко темпо во популистичките медиумски настапи на креаторите на политиките за  пресметка со криминалот и високата корупција.  Тоа е нашата константа во нерешливата равенка. Зачудува зошто никогаш не започна, ни вербално, ниту пак со предизборно ветување дека нешто ќе се преземе со „ниската“ корупција, но голема неправда на граѓаните. Стотици илјади судски предмети се одолговлекуваат со години.

Какви се шансите на граѓанин во Македонија да добие праведна судска одлука во спор со големите монополистички компании, со државата за експропријација на имоти, читај одземени  имоти, за неправди од денационализацијата, за  осигурителните компании за нанесени штети и тешки телесни повреди, за лекарските грешки и изгубени животи, за илјадниците граѓански парници… да не набројувам понатаму. Одговорот е,  шансите се никакви за праведен надомест за претрпените штети. Вистина е дека рибата смрди од главата, ама се чисти од опашката. Ете затоа е изгубена довербата во правосудството и во институциите на системот кои најчесто не се во одбрана на оштетените граѓани,  а не само поради неказнетиот организиран криминал и високата корупција кои станаа маркетиншки полициски  акции.

Не е можно владеење на правото без демократија

Владеењето на правото е суштински сегмент на демократијата. Надвор од демократијата принципот на владеење на правото претставува гола форма и се трансформира во инструмент на присила, репресија и диктатура. Основна функција на владеење на правото е ограничување на политичката власт и обезбедување на ефикасна заштита на човекот и неговите слободи и права.

Меѓуетничките односи со кои можеме да се гордееме во споредба со соседите и со повеќе земји  членки на ЕУ  имаат фабричка грешка бидејќи се сведуваат на давање и земање, со уцени во постизборните партнерства за формирање на  мнозинство во Собранието и преземање на власта, а не како осмислена политика за развој на демократијата. Судирот е главно меѓу македонските и албанските политички партии. Останатите етнички заедници во бинационалната држава се за декор. Рамноправни се само во уставот, како награда  за лојалноста кон државата.

Новата самоубиствена  тенденција на осилената власт е да се доведат во прашање веќе стекнати права што неминовно ќе ги влошат меѓуетничките односи. Кога се влечат вакви опасни потези не смее да се заборави фактот дека распадот на  Југославија почна со хегемонизмот и со одземање на стекнати права. Обидете се на член од семејството да му одземете некои од придобивките што сте му ги дале, или тој се изборил за тоа, сеедно,  па ќе ја видите реакцијата. Се додека се доаѓа на власт со ветувањата дека Македонците  дале премногу права и дека мнозинството  се граѓани од втор ред во сопствената држава од една страна, а од друга дека досега ништо не е направено за правата на Албанците  не може да се очекува подобрување на меѓуетничките односи.

Нема веќе носталгија за татковината

Младите луѓе ќе продолжат да се иселуваат уште  помасовно. Нивното заминување одамна не е гурбетчиство, „трбухом за крухом“, туку бекство од земјата недојдија. Си одат стручни луѓе таму кај што ќе бидат ценети, праведно наградени, успешни  и ќе имаат поквалитетен и помирен живот. Нема повеќе носталгија за татковината, туку радост за спасувањето од разните загадувања, партиски и еколошки, од стресови, неправди и лаги.

И конечно Европа. Зошто да ја чекаме со децении таа да дојде кај нас, кога  може лесно да се стаса таму, со бугарски, хрватски пасош, во догледно време и со албански, или црногорски.  Бранејќи се од неправдите да бидеме горди и достоинствени, остаревме. Во оваа 2025 година самоблокадата за членство во ЕУ ќе продолжи. Тоа ќе биде најсилната предизборна кампања за локалните избори. Ќе продолжиме да ги пребројуваме и жигосуваме странските платеници, предавниците и непријателите кои ни го нудат страшилото Бугари во Уставот. Како Калимеро  политичкиот врв на власта удира на камбаните за тревога со паролата нема правда. Па, нема правда во овој неправеден свет, секогаш низ целата историја било така.

Политичари кои се прикажуваат по дома за државници не се оправдуваат со народот, на кој му наметнаа лажно јунаштво, гордост и достоинство за наводна  заштита на идентитетските посебности кои никој однадвор не ни ги дал, ниту може да се одземат, туку го водат народот кон остварување на стратегиските државни интереси. Никој не е против подобри решенија  доколку се можни, но тридецениското искуство кажува дека секој нареден циклус на прием на нови членки во ЕУ се со потешки услови кои ги диктира се помоќната европска националистичка десница.

Овој пат диктатот на трагичната самоизолација на Македонија, во поволни геостратегиски настани во светот,  да се остварат државните и национални интереси е наш автентичен македонски „патриотски“ чин. Цената за испуштените шанси е многу повисока од направените отстапки. Кога тоа ќе се осознае од последиците, ќе биде предоцна. Лажниот патриотизам и примитивизмот е тестото што политиката сѐ уште лесно го меси.

П.С. Почитувани читатели, ова е мојот последен текст за Дојче Веле на македонски јазик. Голема благодарност на колегите и уредничкиот тим на редакцијата за професионалниот однос во изминатите пет години. Ми беше чест да пишувам за еден од најдобрите и најпрофесионални медиуми. Среќна Нова 2025 година.


Текстот е личен став на авторот. Преземено од Дојче Веле
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    504 shares
    Share 202 Tweet 126
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    224 shares
    Share 90 Tweet 56
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ