• Latest

Штрајк на вработените во обвинителствата: Од утре не работат ништо ако Владата не седне на преговори

October 19, 2023

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Штрајк на вработените во обвинителствата: Од утре не работат ништо ако Владата не седне на преговори

October 19, 2023 12:15
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените од јавните обвинителства во земјава денеска повторно дојдоа во Скопје за да штрајкуваат за исполнување на нивните барања за покачување на платите. Штрајкот го организира синдикатот на УПОЗ при Сојузот на синдикатите на Македонија, а неговиот претседател Трпе Дејановски потсети дека денеска е 17-тиот ден од почетокот на штрајкот во јавните обвинителства.

Дејановски предупреди дека денешниот штрајк е предупредување, бидејќи ако во изминативе денови вработените во обвинителствата работеле само на итните и неодложни работи (претреси, притвори и неодложни жалби), од утре тие нема да работат ништо и целосно ќе се парализира правосудниот систем во земјава.

Од УПОЗ велат дека владата се лаже дека штрајкот ќе се стави во мирување единствено со формирањето на работна група. Тие порачуваат дека штрајкот нема да престане, а доколку работната група од пет министри не седнат да преговараат со нив уште денес, од утре штрајкот ќе стане поригорозен.

На денешниот штрајк од вкупно 390 вработени во јавните обвинителства низ земјава присуствуваа околу 300 лица.

„Ако ова не е доволен доказ за сериозноста на овој штрајк и единството кое го имаат штрајкувачите, не знам каква друга порака треба да испратиме“, изјави претседателот на УПОЗ, Трпе Дејановски.

Од УПОЗ велат дека последиците од гневот на штрајкувачите и блокираниот правосуден систем нема да бидат нивна одговорност.

Тие се револтирани дека вработените во обвинителствата во март наредната година нема да добијат зголемување на платите откога ќе има зголемување на минималецот од 3.000 до 3.500 денари месечно во земјава. Посочуваат дека тоа ќе направи уште еден хаос, а ниту еден вработен во обвинителствата нема да добие усогласување со порастот на минималната плата, јави МЕТА.

Изабела Илиева, претставник на синдикалната организација на Јавните обвинителства рече дека се собрале од сите обвинителства во земјава на штрајкот во Скопје и објави дека најверојатно од утре ќе почнат со заострување на штрајкот. Таа упати апел час поскоро да се седне на преговарачка маса за решавање на барањето за зголемување на платите.

Tags: Јавно обвинителствоплатиШтрајк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ