• Latest
Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Шукова: Ако се грижиме за животната средина, не треба да го стопираме економскиот развој на државата

January 31, 2024

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Шукова: Ако се грижиме за животната средина, не треба да го стопираме економскиот развој на државата

January 31, 2024 11:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Ако се грижиме за животната средина, не значи дека треба да го стопираме економскиот развој на државата. Тие два процеси треба да одат паралелно, бидејќи тоа е целта на „Зелената агенда“ преку своите компоненти-здрава животна средина и економски раст на државата во исто време, изјави министерката за животна средина и прсоторно планирање, Каја Шукова на денешниот настан на тема „Локален пристап кон активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“ што се одржува во Скопје.

Според Шукова, заеднички треба да се работи на спроведување на „Зелената агенда“ за Западен Балкан и со потпишување на Декларација со општините се покажува дека и тие се еден од чинителите во тој процес и добро е што покрај Министерството се вклучуваат и општините, како и невладиниот сектор.

-„Зелената агенда“ има повеќе компоненти. Една од компонентите беше спомната дека карбонизацијата ни е една од поважните компоненти за да се придвижиме кон почисти типови на енергија, обновливи извори на енергија-фотоволтаици, ветерни паркови. Тоа сериозно го правиме во изминатите неколку години. Зелената агенда има повеќе компоненти, меѓу другото и заштитата на биодиверзитетот, треба да се насочиме кон циркуларната економија, да ги намалиме количините на отпад коишто ги депонираме. Во суштина, зелената агенда детерминира мерки и активности коишто ќе помогнат да се заштити животната средина, но да има балансиран економски и социјален развој на државата, рече Шукова во одговор на новинарско прашање за значењето на имплементацијата на „Зелената агенда“.

На прашањето, пак, дали постои расположение кај општините за имплементација и за соработка на овие проекти, министерката смета дека се препознава овој процес и сите сфаќаат колку е битна заштитата на животната средина.

-Тоа е битно што се отвори како процес за последните години дека треба балансирано-едното да се заштитува, а другото да се развива.Општините, бидејќи имаме децентрализиран систем на управување во државата, се оние коишто ги спроведуваат најголем дел од обврските од законите. Државата креира политики, општините спроведуваат, што значи дека мораме да продолжиме кон јакнење на нивните капацитети, паралелно кон јакнење и на нашите за да можат она што им е обврска согласно законите да го спроведат, посочи Шукова.

Додаде дека според проценките потребни се некаде околу илјада евра по жител да се исполнат стандардите на ЕУ за животната средина и тоа значи дека покрај националното финансирање, земјава се потпира особено на фондовите на ЕУ и затоа е битно да се продолжи по патот да станеме земја членка на ЕУ еден ден.

Според Жарко Конески, програмски раководител за енергија во „Екосвест“, општините се клучни во спроведувањето на оваа транзиција и декарбонизација на државата.

-„Центарот за информирање и истражување за животната средина“ го води овој процес и проект за праведна енергетска транзиција и декарбонизација на Македонија и ова партнерство со МЖСПП и останатите партнери помага националните политики и стратегии да се спуштат на локално ниво, бидејќи локалните заедници и општините се клучни во спроведување на оваа праведна транзиција и декарбонизација на државата, изјави Конески.

Дел од учесниците на денешниот настан изјавија дека преку потпишување на декларација со градоначалниците се праќа силна порака за обединување за заеднички вредности и принципи и тоа е само почеток кон справување или решавање на сите проблеми со животната средина кои се идентификуваат кај нас со извештаите на ЕУ.

Tags: животна срединаШукова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ