Пред некое време, едно здружение крена многу прашина во македонската јавност. Имено, членовите на тоа здружение на “душегрижни граѓани“ бараат од владата да ја сочува автентичноста на христијански Охрид! Иако оваа вест е стара, сепак, вреди да се спомене дека ваквото залагање на овие идиоти е продолжение на онаа блесава, сѐ уште активна вмровска политика, која константно се закануваше дека до темел ќе ја сруши и уништи граѓанската опција во нашата земја каде сите, така стои во Уставот, треба да сме рамноправни и секоја форма на националистички или верски испади треба да биде санкционирана доколку се заканува да ја загрози унитарноста на нашата мулти-култи Македонија.
Имено, кретениве се дигнале против реставрацијата на Али Пашината џамија во центарот на Охрид и така кокодакајќи, во манир на итри лисици со внимателна употреба на избрани зборови ни ја соопштија нивната желба Охрид да си биде чист христијански град од кој, под итно, треба да се отстрани и последната џамија во центарот на овој наш заеднички културно-историски паметник. Така разулавените битанги ќе си ја остварат целта сами да си уживаат во европскиот Ерусалим!? Дури низ чаршијата се плетеа прикаски дека тамошните “темплари“ нема да дозволат симболи на исламот во градот на православието. Какви будали, човече!
Ваквиот фашизам е резултат на кукавичлукот на неиживеаните манијаци кои освен себеси и “своите“ не се во состојба да ги истрпат другите, поинаквите!
Е сега, наводно ние муслиманите треба да се дадеме во формирање на “казнени муџахедински“ единици кои подоцна ќе “испланираат терористички“ напади врз Охриѓани и така ќе се осветат за непростливата увреда која им ја нанесоа клошарите од Охрид (со должна почит кон сите Охриѓани со добра и искрена душа).
Ама тука сте се заебале малку господа со несовесна идеологија! Чудно ми е што не се збори малку повеќе во јавноста за вашата будалаштина и зошто националните телевизии преку едукативни емисии не расправаат за овие изливи на тежок шовинизам и повик во религиски судир пропратен со неснослива национал-шовинистичка омраза која секогаш од мртвило ги буди радикалните касапи без оглед на вера и нација! Каде се МПЦ и ИВЗ да поведат иницијатива за јавни дебати кадешто отворено ќе се расправа за конечната ликвидација на овие негативности во нашето напатено, јадно и осиромашено општество.
Ако нештата нормално функционираат во државава, некој треба на манијациве да им пушти тужба и еднаш-засекогаш да ги замолчат за да им се овозможи на нашите идни генарации, на нашите деца, да живеат во мир и взаемно почитување во земја кадешто религијата ќе се почитува како цивилизациска ризница а не да се искористува за предизвикување на ситуации со многу грди последици кои никој не може да ги предвиди.
Но, да се вратам на “осветничките муџахедински“ единици. Ако вмровските гомнари се надеваа на такво сценарио, тогаш длабоко ќе ги разочараме бидејќи ние муслиманите, домицилни жители на Македонија, не сме насилници, не веруваме во насилие и осудуваме секаква врста на радикализам, а пред сѐ оној во нашите редови, а Богами, и кај нас има радикални манијаци! Исламот нѐ учи да говориме за мирот, но, и да го шириме зборот на мирот Божји водени од зборовите на Неговата Објава: „…ако некој убие некого кој не убил никого, или некој што не прави неред на Земјата – како сите луѓе да ги убил; а ако некој биде причина за нечиј живот да се сочува – како сите луѓе да ги спасил од смрт…“ (Куран, 5/32)
Господа фашисти, ние инаку вака секојдневно функционираме. Ние ви ја простуваме вашата глупост и идиотизам и никогаш нема да дозволиме вашата грашок-интелигенција да биде причина за рушење на заедничкиот живот во нашата Македонија. За вас таквите треба да се погрижат институциите кои се грижат за јавниот ред и мир и толку.
Но, сепак ви благодарам што ми помогнавте конечно да разберам зошто Охрид го викаат европски Ерусалим. Јас живеев во заблуда верувајќи дека така го викаат поради вековното присуство на Македонската Црква во тоа подрачје, но, изгледа не било така (барем по ваше). Се чини дека вие крстоносните лајнари што бевте единаесет години на власт не би имале ништо против за можни, не дај Боже, палестински сценарија во “вашата“ охридска чаршија.
Ама ете, ние сме оптимисти и веруваме дека политичките промени кои настапија од пред година и пол, отприлика, се во корист на сите граѓани на Македонија без оглед на вера или нација и дека таквите како вас набргу ќе станат само обична помија на ѓубриштето на историјата.
Против вашата лудорија ќе се бориме со позитива кој ете и во В. Британија ги руши кулите на глупиот национал-шовинизам проткаен со исламофобија. За пример ќе го земеме Мухамед Салах, извонредниот голгетер на Ливерпул, кој им стана јунак на тамошните навивачи до таа мерка што на човекот му измислија химна со рефрен: Мухамед, те сакаме, ако тебе ти е убаво во џамија, и ние таму ќе одиме и муслимани ќе станеме!
Само, чудни ми се овие бисериве од МПЦ и ИВЗ! Се нешто молчат, сѐ нешто се прават наудрени, немаат појма што се случува!? Толку се окупирани со духовноста што поради нивната пасивност и неупатување заедничка порака за осуда некој погрешно ќе сфати дека верата дозволува такви идеолошки екскурзии!! Зарем трагичното убиство на младиот Саздовски не беше инспирирано од национал-шовинизам? Одамна е кажано: тој што ја премолчува вистината е нем ѓавол. Ама не, ширењето на газето во удобната фотеља е секако поважно за нашите “светци“, од двете страни, од кои ретко гледаме нешто свето.
Мислам дека од ризниците на древните мудреци наследивме само една заедничка работа во Македонијава ни: „Не остана ништо освен да го молам Господ – Алах, да го благослови премиерот Груевски!“ Духовниот лидер на финансиската апологетика на евро-доларската Црковна џамија, Св. Среброљубец Муслимански.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.