Министерството за здравство ја информира јавноста дека е најдено трајно решение на проблемот со матичен лекар во општина Шуто Оризари.
После 6 неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во Поликлиниката во Шуто Оризари денеска добивме апликација на седмиот оглас од приватна Поликлиника која аплицираше и планира закуп на ординацијата во рамките на своја Поликлиника, соопштуваат од Министерството за здравство.
Со ваквиот систем на вршење здравствена дејност во рамките на Поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение.
Од Минисерството информираат дека завршила и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што Министерството за здравство го реши и овој децениски проблем во општината.