ЗОРАН ИВАНОВ
Весна Дамева, до денеска претседателка на, еве, нека е никаквиот Судски совет, жената на која деструктивните во судството чиј рејтинг се ближи кон нула, ѝ задаваше подмолни удари, го издржа притисокот од колегите привезоци партиски но не издржа под жестокиот притисок на владејачката и нахално моќна ДПМНЕ, партијата која ќе се борела против корупција, партија која, всушност, ги авторизираше крупната корупција и криминалите со државниот буџет, со нели, народните пари, партија политичка најбогата во Европа, најбогата во најсиромашната држава во Европа, ете таа, токму таа партија со таквата нејзина политика, ќе се борела против корупција па, кажано во оваа една реченица, си ја баравме, си ја добивме власта која во судството ги остава корумпираните, а ги брка чесните.