По средбата помеѓу Трамп и Путин синоќа во Анкориџ, Алјаска, министерот за надворешни работи, Андриј Сибига изјави дека Украина ја поддржува иницијативата на Трамп за трилатерална средба помеѓу Украина, САД и Русија, објави на X украинската амбасадорка Лариса Дир.
Министерот за надворешни работи на Украина, г-дин Андриј Сибига, изјави:
„Ја цениме позитивната подготвеност на американската страна во однос на нивната волја да работат на развој на сигурна инфраструктура за безбедносни гаранции за Украина.
Исто така ја поддржуваме иницијативата на претседателот Трамп за организирање на трилатерална лидерска средба помеѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија. Путин мора да ги разбере последиците од одолговлекувањето на неговата војна. Тој премногу пати лажеше во минатото и целосно го обезвредни својот збор. Единствено неговите дела се вистински показатели дали е навистина подготвен да стави крај на својот терор и агресија“.
💬 Министерот за надворешни работи на Украина, г-дин Андриј Сибига, изјави: pic.twitter.com/0Q3BSc6NRn
— Larysa Dir (@dir_larysa) August 16, 2025