• Latest

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026 12:58
in ВЕСТИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, оствари средба со бугарската потпретседателка Илијана Јотова, на која повторно во фокусот се најдоа отворените прашања меѓу двете соседни земји и перспективите за македонските пристапни преговори со Европската Унија.

Разговорот потврди дека Скопје и Софија остануваат на различни позиции во однос на условите за деблокирање на евроинтегративниот процес. Од бугарска страна беше повторен ставот дека Северна Македонија треба да ги исполни обврските преземени со француски предлог од 2022 година, вклучително и внесувањето на Бугарите во Уставот, што според Софија претставува дел од европските, а не билатералните критериуми за членство во ЕУ.

Јотова нагласила дека Бугарија очекува почитување на правата на граѓаните што се изјаснуваат како Бугари во Северна Македонија, како и надминување на појавите на говор на омраза. Според соопштението од бугарската страна, таа оценила дека дијалогот за тешките прашања мора да продолжи и покрај постојните несогласувања.

Од македонска страна, Сиљановска-Давкова истакнала дека комуникацијата меѓу двете држави не треба да се ограничува само на политичките структури, туку треба да се интензивира и на ниво на образовни, научни и културни институции, како и меѓу граѓанските организации. Според неа, токму ваквите контакти можат да придонесат за надминување на предрасудите, градење доверба и подобро меѓусебно разбирање.

По средбата, Сиљановска-Давкова порача дека е неопходно разговорите да продолжат, дури и кога не се гледаат непосредни резултати. Таа оцени дека честите контакти меѓу претставниците на двете земји се неопходни за одржување на дијалогот и барање решенија за наталожените спорови.

Во изјава за медиумите во Софија, претседателката посочи дека прашањето за евроинтеграцијата не се сведува само на уставните измени.

„Јас не сум монарх за да го менувам Уставот, само пратениците можат да го прават тоа“, изјави Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарско прашање за можните уставни измени и вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

На средбата било отворено и хуманитарно прашање поврзано со 23-годишната Ива Михајлова, повредена во трагичниот пожар во Кочани. Според бугарската страна, Јотова побарала решение што ќе ѝ овозможи лекување во Бугарија, имајќи предвид дека поради тековната истрага не ѝ е дозволено да ја напушти државата.

Иако средбата не донесе конкретен пробив во однос на европската агенда, таа уште еднаш покажа дека двете страни остануваат подготвени да разговараат за чувствителните прашања. Сепак, разликите околу толкувањето на условите за почеток на пристапните преговори остануваат значајни, што укажува дека патот кон надминување на спорот и отворање на преговарачките кластери ќе бара дополнителни дипломатски напори и политичка волја од двете страни.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ