• Latest

Сиљановска Давкова во посета на Софија, прва средба со бугарскиот претседател Румен Радев

September 13, 2024

24 ЧАСА: Една изборна единица влезе во Собрание; Мицкоски тврди дека сме во топ 5 економии во Европа; Коридорите спречени од неефикасноста; Русија во шок по украинскиот напад

June 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

„Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

June 2, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците ќе ги добијат платите кога ќе се донесе Законот

June 2, 2025
Фото: Скриншот

Стармер: Британија преминува во воена подготвеност – зајакнување на НАТО и забрзан развој на воена технологија

June 2, 2025

ЕК за укрaинско-руските преговори во Истанбул: Украина одлучува за условите за мировните преговори

June 2, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Договорот помеѓу Албанија и Грција за Јонското море повторно на маса; Пензискиот договор со Италија ги гарантира правата на околу 500 илјади албански граѓани; Не успеа ниту 25-от обид з конституирање на косовското собрание

June 2, 2025
Фото: УНИЦЕФ

УНИЦЕФ: Децата и младите против врсничкото насилство и говорот на омраза на интернет

June 2, 2025
Фото: миа.мк

Нова рунда преговори Белград-Приштина во Брисел

June 2, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

Реформска агенда: „Жежок“ јуни за Македонија, ја чека многу работа за да ги добие парите од ЕУ

June 2, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Час поскоро преговори за членство во ЕУ, расчистување на криминалот, вработувања за невработени со факултет- и порачаа граѓаните на власта

June 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова во посета на Софија, прва средба со бугарскиот претседател Румен Радев

September 13, 2024 11:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе биде во посета на Софија, каде ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џуепе Верди, во изведба на Националната опера и балет. Во рамки на посетата, Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба и со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Во македонската делегација ќе биде министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Во пресрет на посетата, премиерот Христијан Мицкоски вчера во одговор на новинарско прашање што очекува од истата, повтори дека државава сака да гради добрососедски односи и дека тука нема никаква дилема. Во средата, пак, на прес-конференција во Владата, Мицкоски рече дека сега е период кога апсолутно ништо не може да се случи во преговорите со Бугарија се додека таму не се избере Влада, јави МИА.

Говорејќи за уставните измени, оваа недела апелираше да се престане со билатерализација на евроинтегративниот процес. Според него, не станува збор дали граѓаните или политичарите имаат волја за уставни измени, туку дали во Брисел има волја да се реши ова прашање.

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, пак, на прес-конференцијата во вторникот со неговиот италијански колега Антонио Тајани, посочи дека доколку постои добра волја од страна на земјите – членки на ЕУ, нема предизвик на којшто не може да се најде решение, додека пак, во врска со моделот на одложна примена на уставните измени, смета дека не се потребни промени во Преговарачката рамка и заклучоците на Советот на ЕУ.

Во меѓувреме, пак, Владата ги смени претседателот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓорѓиев и пет други членови и на нивно место назначи нови, но останаа и дел од претходните. Сменети се претседателот Драги Ѓоргиев и членовите Петар Тодоров, Љупчо Ристески, Огнен Вангелов, Исамедин Азизи и Љубица Спасковска.

Старо-новата Комисија сега е во состав: Ванчо Ѓорѓиев (поранешен член во оставка), претседател, професор на Филозофскиот факултет, Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја; Александар Литовски (поранешен член кому претходната влада не му го продолжила договорот), Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет; Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет; Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје; и Димитар Љоровски (и претходно беше член), историчар, вработен во Институтот за национална историја.

Вчера, дел од поранешните членови излегоа со реакција во јавноста и повикаа на промена на методологијата во работата и вклучување експерти од ОБСЕ, УНЕСКО или Советот на Европа.

– Во минатото, Комисијата беше постојана мета на политички мотивирани напади од бројни медиуми и политички партии и нејзината работа беше искористена за остварување политички цели. Тие напади продолжија до денес, а минатите неколку недели бевме сведоци на неаргументирани, обвинувачки и навредливи изјави на премиерот за работата на поранешните членови на Комисијата со кои тој ги дели граѓаните на ‘заштитници’ и ‘незаштитници’ на националните интереси согласно со неговите лични погледи. Уште пострашно е што премиерот свесно испраќа авторитарна и заканувачка порака дека оној што нема да ги исполнува неговите очекувања и политички погледи ќе биде етикетиран дека не ги штити националните интереси, велат тие во реакцијата.

Тие наведуваат и дека во јавноста се објавени текстови кои се обидуваат да ја дообјаснат политичката одлука на Владата со манипулации и невистини дека Комисијата утврдила два протоколи кои, всушност, се усвоени од Владите на двете држави, како и дека членовите на Комисијата на 15. средба на која не е донесена никаква одлука, наводно, отстапиле од македонските црвени линии усвоени во Собранието во јули 2021 година.

Двајца поранешни членови на македонскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања преку отворено писмо до јавноста повикаа на промена на методологијата во работата и вклучување експерти од ОБСЕ, УНЕСКО или Советот на Европа.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека не е против тоа да се вклучат експерти, но најави и дека ќе се спроведе истрага за тоа колкави хонорари се исплаќале и како се трошеле парите во Комисијата.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вчера го осуди, како што кажа, политичкото дискредитирање на членовите на Историската комисија и дека ја поддржува идејата за вклучување на странски експерти во нејзината работа.

Според него, политичарите можеби ќе помогнат доколку иницираат дополнителен модел на пример странски експерти по примерот на некои европски држави кои дефинитивно ќе влијаат на елиминирањето на политичките влијанија кои на никого не му носат добро а ќе внесат искуства од претходни комисии каде работеле.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

    Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Рамбл, инвестицијата на Крис Павловски во Македонија, дел од пропагандната мрежа на Кремљ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ