Најмалку 35 лица се повредени кога утрово земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Турција, во близина на градот Дузча, соопштија Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) и турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од два километри.
Медиумите пишуваат дека 35 лица се повредени во Дузча и околните провинции.
За време на земјотресот имало прекин на електричната енергија, но се работи на обновување на снабдувањето со електрична енергија.
Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби го измери земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала и соопшти дека епицентарот бил во Гољака, област во северозападната провинција Дузче.
Турските медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван и во Истанбул и Анкара.