• Latest

Силните транс-атлантски врски меѓу Вашингтон и Брисел ги прават силни и Европа и Западен Балкан

July 2, 2021

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Силните транс-атлантски врски меѓу Вашингтон и Брисел ги прават силни и Европа и Западен Балкан

July 2, 2021 16:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Колку што транс-атлантските врски се посилни и стабилни, Западен Балкан е посилен, стабилен и просперитетен и затоа заедничкиот ангажман на САД и ЕУ на Западен Балкан е од суштинско значење“, потенцираше меѓу другото премиерот Заев на премиерскиот панел на тема „Ресетирање на синергијата ЕУ-САД кон Западен Балкан“ на „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид.
Премиерот Заев во таа насока истакна дека е уверен дека транс-атлантските врски мора да бидат трансформативни, со цел да се обезбеди одговори на кој било предизвик со кој сите ќе се соочиме во иднина. И овој одговор треба да биде едногласен, силен, стабилен, брз и одлучувачки, рече Заев.

„Неодамнешниот успешен самит на НАТО, со усвојување на стратешкиот документ НАТО 2030, повторно се посветуваме на основните принципи на Алијансата и партнерството со политички активности и практични алатки. Еден ден подоцна, по Самитот на НАТО, Самитот ЕУ-САД докажа дека овие транс-атлантски врски треба да бидат посилни, стабилни, ефективни, инклузивни и со редовен дијалог и поставување заедничка транс-атлантска агенда за ерата после КОВИД-19“, нагласи премиерот Заев.

Светот значително се промени, продолжи тој, и додаде дека треба да можеме да се прилагодуваме на промените и да го правиме тоа брзо и дека секоја криза со која се соочуваме треба да се искористи како можност за зајакнување на овие врски, а една од нив е секако проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, процес кој силно го поддржува и САД.

„Морам да кажам дека минатата година, по одлуката во март 2020 година, да започнат преговори со Северна Македонија, за жал, поради непринципиелната позиција на нашиот сосед Бугарија, првата меѓу владина конференција не се одржа“, рече претседателот на Владата, Зоран Заев.

Северна Македонија, потсети премиерот Заев, со посетата на Софија пред неколку недели направи исчекор, но за жал, и покрај јасните и недвосмислени пораки од целата меѓународна заедница, дека сега е време да се направи чекор напред, нашите бугарски колеги не успеаја да соберат доволно сила и глас за почетокот на преговорите на Северна Македонија во ЕУ.

„Без оглед на нашите воздржани очекувања, одлуката на ЕУ да не ја закаже првата меѓу владина конференција беше големо разочарување и за Северна Македонија и за Албанија. Тоа беше огромен неуспех во политиката на проширување на ЕУ и многу лоша порака за целиот регион. ЕУ не го исполни ветувањето“, заклучи во тој дел премиерот Заев.

За одлуката на ЕУ да не одобри старт на преговори за Албанија и Северна Македонија, премиерот на Албанија Еди Рама на панелот истакна дека двете земји продолжуваат уште поангажирано понатаму во регионот со нов интензитет, без да бидеме во депресија или фрустрирани заради одлуката на ЕУ.

„Ние го одбравме овој пат затоа што тоа е единствениот пат за Албанија и за Северна Македонија. Тоа не е процес во кој ги ставате на брод двете земји и ги упатувате кон Брисел. Тоа е процес во кој остваруваме стандарди, исполнивме критериуми за да отпочнеме преговори за членство и низ тој процес да бидеме подготвени за членство во ЕУ“, рече премиерот Рама.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ се надоврза дека земјите од регионот продолжуваат со реформите и со процесот на подготовки за почеток на преговори за членство во ЕУ.

„Бев среќна кога се спуштив на Охридскиот Регион и кога добив порака дека немам трошоци за роаминг. Тоа е огромна придобивка за граѓаните. Така тие најдобро чувствуваат кога правиме нешто за нив. „Преспа форумот за дијалог“ е одлична идеја што го слави Договорот од Преспа кој не поучи да се свртиме кон иднината“, потенцираше српската премиерка Брнабиќ.

На премиерскиот панел на тема „Ресетирање на синергијата ЕУ-САД кон Западен Балкан“ свое обраќање имаше и премиерот на Косово, Албин Курти кој порача дека граѓаните од сите земји на Западен Балкан треба да имаат трпение и да ја одржуваат надежта за нивна интеграција во ЕУ затоа што немаат друга алтернатива.

„Во следните 4 години имаме добра шанса затоа што САД има претседател кој го познава регионот и затоа што го најави својот интерес за враќање во Европа и во регионот“, рече премиерот на Косово, Курти.

Зоран Тегелтија, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина од своја страна истакна дека и покрај разочарувањата од одлуката на Брисел да го одложи проширувањето со земјите членки на Западен Балкан, во Босна и Херцеговина останува највисоко меѓу приоритетите на граѓаните членството во ЕУ и НАТО.

Во очекување на одлуките од Брисел, рече Тегелтија, регионалниот „Шенген“ е опцијата која може да му даде многу предности на регионот и на Босна и Херцеговина.

На пладневниот премиерски панел на тема „Ресетирање на синергијата ЕУ-САД кон Западен Балкан“ на „Преспа форумот за дијалог“ зборуваа и министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау и сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кои потенцираа дека очекуваат дека соработката меѓу САД и ЕУ ќе ги направи многу попредвидливи настаните и процесите во Европа, а тоа го вклучува и интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ.

Во завршницата на панелот се обрати и генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу која информираше дека и покрај разочарувачките пораки од Брисел со кои се успорува проширувањето на ЕУ, откако започнаа процесите иницирани од Берлинскиот процес за поголема регионална соработка, високата поддршка за ЕУ меѓу граѓаните од Западен Балкан порасна за дополнителни 6 проценти.

Таа уште додаде дека високи 70% од граѓаните од регионот сметаат дека соработката меѓу соседите и зајакнувањето на соработката на Западен Балкан е вистинскиот пат за постигнување на стандардите на ЕУ и за забрзување на евроинтеграциските процеси во земјите од регионот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ