Небитно е дали некои од попишувачите се вакциниран или не. Имаме јасни и прецизни КОВИД-протоколи кои мора и ќе се почитуваат. Тоа е наша обврска, но и гарантираме дека протоколите максимално ќе се почитуваат. Ќе сносиме одговорност ако тоа не се случи, рече денеска на прес-конференција во Владата директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
Пописот е обврска на секој граѓанин, а не доброволна активност. Методологијата на попишувањето, донесена според закон, објавена во Службен весник и одобрена од Евростат, нема да се менува, и покрај лошата епидемиолошка слика во државата, подвлече тој.
Во однос на попишувачите, повтори дека очекува да има доволен број кандидати, а по тестирањето ќе се знае колку попишувачи ќе има на располагање и дали ќе биде потребен дополнителен кадар. Можноста да ги добиеме на располагање времено ангажираните лица во државните и институциите на локалната самоуправа е за да се интервенира по потреба, таму каде ќе нема евентуално доволно кадар – различни јазици при попишување и слично. Но, се надевам и очекуваме дека тоа нема да се случи. Евентуално ангажираните, објасни директорот, ќе бидат платени само за работата што ќе ја извршуваат, како и секој друг учесник во пописот, истакна директорот.